12.9 C
Ohrid
сабота, април 5, 2025
ПочетнаМакедонијаФирмите кои ќе користат државна помош дозволено им е да отпуштаат вработени

Фирмите кои ќе користат државна помош дозволено им е да отпуштаат вработени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фирмите кои се погодени од ситуацијата со коронавирусот, а кои ќе користат државна помош ќе можат да го намалуваат бројот на вработени. Така, микро и малите фирми ќе можат да го намалат бројот на вработени до 15 проценти, средните компании до 10 проценти, а големите до 5 проценти. Ова е само една од трите новини во мерката за државна помош, која денеска ја презентираше министерката за финансии Нина Ангеловска. Ова претставува ретерирање од првичниот став на институциите, кога првично беше најавено дека компаниите кои користат државна помош ќе треба да го задржат истиот број на вработени до септември, за подоцна рокот да се намали до јули.

<

Сите три новини се работени заедно со светската банка, а мерката е кофинансирана со заем од банката во износ од 50 милиони евра.

„Во изминатиот период имаше прашања од бизнис заедницата кои ги упатуваа компаниите и до УЈП и до Владата, во смисла на критика или сугестија, што ако работникот сам напушти, што ако се работи за работник на кој што му истекува договорот, што ако се работи за сезонски работници, и поради тоа, со ова се олеснува критериумот за задржување на бројот на вработени“, рече Ангеловска.

Дополнително, министерката изјави дека со воведувањето на оваа флексибилност, ќе се спречат отпуштањата, но и ќе се зголеми опфатот на фирми кои ќе аплицираат за мерката и кои директно ќе помогнат и ќе ги задржат работниците.

Втората промена е насочена да им помогне и да им овозможи поголема финансиска поддршка на најпогодените сектори, односно туризмот, угостителството и транспортот, вели Ангеловска. Компаниите од овие сектори ќе можат да аплицираат истовремено и за мерката 50% субвенционирање за придонесите која беше прогласена и објавена во првиот пакет антикризни мерки.

Критерумите за компаниите кои сакаат да аплицираат за оваа мерка треба имаат дејноста во еден од трите сектори, да имаат остварено добивка во последните две години и да немаат неплатени давачки кон УЈП и обврски по кредити над 90 дена, земајќи ја притоа, датата пред кризата 28, 29 февруари.

„Доколку компанијата од овие три сектори ги исполнува овие критериуми, истата може да ја комбинира оваа мерка, финансиската поддршка од 14.500 денари, заедно со мерката за субвенционирање до 50% од придонесите. Со ова практично значи дека покрај 14.500 денари кои што ги имаат компаниите, истите сега можат да користат и дополнителни, до максимум 5.000 денари од другата мерка, која што предвидува покривање на половина од придонесите, а до просечна плата објавена за 2019 година. Тоа значи дека вкупната финансиска поддршка за овие компании, од овие сектори ќе може да изнесува до 19.500 денари“, посочи Ангеловска.

Третата промена се однесува на критериумот, за тоа кои компании треба да ги враќаат средствата. Првичната уредба е дека компаниите кои оствариле загуба нема да ги враќаат финансиските средства останува, а дополнително се воведуваат критеруми, за кои фирми дополнително може да не ги вратат средствата, односно да ги трансформираат во грант, објасни Ангеловска.

„Сега имаме дополнително олабавување, односно, сите здрави компании, кои што имале добивка две последователни години, во 2019-2020 година, кои не се на листата на должници и немаат кредити со достасаност неплатени над 90 дена, истите ќе може да аплицираат за трансформирање за финансиската поддршка во грант, под услов истиот износ што го добиле, го инвестираат во своите вработени, во оперативно подобрување на процесите, во опрема, продуктивен капитал итн..“, посочи Ангеловска.

Министерката најави дека барањата за компаниите за да може да ги искористат овие придобивки ќе бидат објавени и пропишани во следниот период, и додаде дека за истите ќе се аплицира во 2021 година, односно со поднесување на даночниот биланс.

М.К.

радио моф

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ донесе одлука: ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без публика.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика....

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои...

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба...

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Со линеарното зголемување од 2.500 денари најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо...