8.9 C
Ohrid
петок, ноември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај знамето и црквата е поставена на погрешно место, вели градоначалникот...

И покрај знамето и црквата е поставена на погрешно место, вели градоначалникот на Крива Паланка и ве советува да ја прочитате книгата на Германос Каравангелис

Градоначалникот на Крива Паланка кажува уште еднаш дека знамето не е поставено на соодветно место исто како што е поставена и самата црква пред општината, како што вели тој, во самото видео и тогаш бурно се реагирало околу изградбата на оваа црква но не можеле да ги спречат граѓаните во самата изградба бидеќи тие немале слух.

Во однос на симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш), државата има преземено обврска уште во 1995 година со Привремената спогодба конкретно член 7 став 2, дека нема да го употребува симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции.

Користењето на симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции е регулирано уште во 1995 година.

Во Преспанскиот договор, со членот 8 став 2 се вели дека:

Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“.

Во член 8 став 3 од Преспанскиот договор стои дека:

Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме.

Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија“.

Обврските од договорот се имплементираат согласно договорот и предвидената динамика.

Преспанскиот договор создава обврски за државите и јавните институции на двете страни. Тие се задолжени за неговата имплементација.

Непочитување на конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните од страна на државни и јавни институции значи загрозување на витални стратешки интереси на државата.

На 149-тата владина седница беше разгледана и усвоена информацијата за имплементација на член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Друга е темата на диакусија на кој начин беа поставени истите на оваа локација и дали уште тогаш не беа повредени чуствата на граѓаните и не се посеа семето на раздорот?

Како јавна површина, за која е надлежна Општина Крива Паланка, на неа ќе се вее само официјалното државно знаме, кое веќе се вее пред седиштето на НАТО, а се надеваме наскоро и пред седиштето на ЕУ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нова сообраќајна незгода на излезот од Охрид.

Пред два часа се случи нова сообраќајна незгода на излезот кон Охрид. Во собраќајната незгода учестувале патнички автомобил и товарно возило, во истата сообраќајна незгода...

Во атарот на селото Волино пронајдени бронзен шлем, златни прстени, сад за вино од архајскиот период.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се...

Дизелот драстично поскапува, ова се новите цени на горивата

Има поскапувње на ДИЗЕЛ со новите цени на горивата кои стапуваат на сила вечерва на полноќ. Така дизел горивото од утре ќе се продава поскапо...

Исчезнатиот Богољуб Митов пронајден мртов.

Веќе 10 дена се водеше за исчезнат Богољуб Митов (63) од скопската населба Ченто, лице со деменција и депресија. Неговото семејство го пријавило случајот...