13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: Полицаец од Скопје пешки оди до Белановце за да стаса на...

ВИДЕО: Полицаец од Скопје пешки оди до Белановце за да стаса на работа

Една линија долга над 60 километри. Тоа е службениот пат на полицаецот Боби Додевски. Одење на работно место. Живее во Скопје, но работи во граничната полициска станица Белановце. Секојдневната рутина сега му ја смени вонредната состојба и корона епидемијата. Па мора да оди на работа пеш. Се најдовме кај Маџари, дотука стига со градски автобус на ЈСП и оттука главно продолжува пешки или ако има среќа со автостоп.Кога првпат ја слушнавме приказната повеќе ни личеше на скеч, а Додевски покрај полициската задача снима и хумористични скечеви во емисија на кумановска телевизија. Но не беше виц, туку реалност. На пат кон Белановце и Куманово, тој често се снаоѓа со авто-стоп. А тоа е ризик и за него, но и за цела полициска смена.огичното прашање е зошто не реагирал во МВР, знаат ли дека нивен вработен патува со нозе до работното место зашто нема автобуси и возови до Куманово. Додевски вели дека како Кумановец од февруари почнал да живее во Скопје под кирија со партнерката која е во ризична бременост. Ковид 19 ги крати првин автобуските линии, а тој бара или да го преместат во Скопје каде живее и за што има потпишан договор за кирија или да работи 24 часовна смена на Белановце да избегне пешачење и авто-стоп.

Во МВР се обративме пред први мај и поради празниците ни соопштија дека наводите на полиацецит Додевски ќе ни бидат одговорени после викендот. За случајот знаат и два синдикати чиј член е Додевски. Од полицискиот синдикат ни рекоа дека е разговарано во случајот и веќе има решение кое наредните денови ќе биде реализирано и потпишано. Од Независниот полициски синдикат пак велат дека проблемот не е во граничната полиција туку во врвот на МВР каде не го решаваат проблемот. Решението кое досега од структурите на МВР му е понудено на Додевски е следното.

А тој смета дека е мобинг кој му носи здравствени проблеми.

Решението го чека, доколку биде брзо може ќе стане скопски полицаец, ако е поспоро тогаш ќе истера уште еден службен пат пешки, од скопска Кисела Вода до Белановце.

Извор: Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...