8.6 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаВерници масовно купуваат темјан

Верници масовно купуваат темјан

Македонската православна црква-Охридска архиепископија пред и за време на велигденските празници бележи рекордна продажба на темјан, како и ќумур и кандила за палење темјан. Имало денови кога во црковните продавници не можело да се најде ниту ќумур ниту темјан. Верниците велат дека пред Велигден во многу продавници барале темјан, но многу тешко можеле да најдат.
Луѓето што работат во црковните продавници посочуваат дека вакво нешто се случува првпат и досега не забележале вакво масовно купување темјан за користење во домашни услови.

Многумина, пак, ова го поврзуваат со актуелната состојба со коронавирусот, а луѓето го користат темјанот како превентива од ширење на заразата и како средство за прочистување на домот. Веруваат дека темјанот помага во уништување на бактериите и на вирусите.
Свештениците велат дека имало случаи кога темјанот бил купуван од луѓе што имаат проблем со камен во бубрег или во жолчка. Во тој случај се препорачува да голтаат по едно зрно темјан.
– Забележавме зголемена потрошувачка на темјан изминатиот период. Ги потрошивме и резервите што ги имавме. Обично темјанот го набавуваме од Грција или од Србија – велат свештениците на МПЦ.

Оттаму посочуваат и дека монасите од манастирот „Света Богородица“ во Берово произведуваат темјан.
Инаку, темјанот од древни времиња претставува ароматична смола, која извира од резовите на стеблото на дрвото ливан, па оттаму доаѓа името „темјан“.
Иако поседува многубројни лековити средства, за темјанот повеќето луѓе не знаат речиси ништо. Според верувањата, темјанот во домот им носи добро здравје на сите членови на семејството
Токсиколошките истражувања во поново време покажале дека екстрактите од темјанот се безбедни како за надворешна така и за внатрешна употреба.

Во ароматерапијата, темјанот се користи за ублажување и лекување на депресијата, хистериите, стресот и напнатоста.
Запалената смола од темјан вообичаено има доста интензивен мирис, па кај одредени личности може да предизвика и непријатност.
Според теолошкото објаснување, препорачливо е дома да се покадува со темјан редовно, секогаш придружено со молитва.

– Кога човек се моли, препорачливо е да кади со темјан дома. Ароматичниот темјан го симболизира и прославувањето на Бога. Изгорувањето на темјанот означува поклонение и искупување. И пријатното чувство што се создава од миризбата на темјанот во целото пространство на божјиот храм означува полнотија на нашите срца со божествена наслада, тоа е плод на нашата љубов кон Бога – велат теолозите.
Според нив, како што темјанот, кој се вжештува на јагленот, се издигнува нагоре и ароматизира наоколу, така и душата на верникот со силна вера треба да се вивне нагоре, одделена од материјалните нешта и грижи. Дното на кадилницата го покажува смирението на Христос, огнот – неговото божество, а ароматичниот дим нѐ „исполнува“ со благоуханието на Светиот Дух.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...