Амируш Хамар (43) во француските медиуми се разоткри како потенцијален „нулти пациент“ во таа земја, т.е. прво лице кое таму се заразило од коронавирус, и тоа уште во декември минатата година. И она што е посебно интересно е што не патувал во Кина, што наведува на заклучок дека вирусот во Европа кружел уште пред крајот на 2019 кога во болницата во Вухан утврдено е дека се појавил нов коронавирус.
Хамар одлучил да разговара со новинарите од телевизијата БФМТВ откако една болница покрај Париз повторно ги тестираше примероците кои ги дал кога на крајот на минатата година заболел, од како што мислел, грип. Тие примероци се земени на 27. декември, а во понеделникот е објавено дека повторениот тест открил дека 43-годишниот Французин всушност бил позитивен на коронавирус.Во разговорот за БФМТВ Хамар откри дека страдал од „многу сериозни“ болки во градите, но вели дека лекарите неговата болест ја дијагностицирале како белодробна инфекција.
Иако експертите предупредуваат дека не би требало да се брза со заклучоците врз основа на неговиот пример, СЗО порача дека не е необично случајот на зараза да се случил во декември.
Тие додаваат дека е можно да има слични вакви откритија во претходните случаи на зараза од минатата година