28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Кичево-Охрид три години стои нечепнат.

Автопатот Кичево-Охрид три години стои нечепнат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СДСМ не пропушта прилика да се пофали со наводен успех во капитални инвестиции, успех кој што го гледа само СДСМ и нивниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисија за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ Синиша Ивановски, кој праша како може да говорат за капитални инвестиции во инфраструктурата кога најважниот и најкапитален објект, а тоа е автопатот Кичево – Охрид, веќе 3 години стои во место.

<

Реализација скоро нула.
Ако ги запрашаме СДСМ ќе тврдат дека забрзано и интезивирано работат на овој автопат но во градежништвото е многу едноставно. Сработеното или се гледа, или како во случајов- не се гледа.
Уште од првиот ден откако дојдоа на власт тие тврдеа дека таа траса е промашена, наместо право таа отишла лево или десно, што не е вистина, за потоа и нивниот најрелевантен човек во инфраструктурата го потврди дека траса не е промашена. Следеа понатаму нови потреби од допроектирање, нови клучки, па косини, потоа имаше нови проектирања на косини, што се не.
Меѓутоа вистината дека поминаа 3 години на власт, а граѓаните не видоа некое посериозно придвижување спрема напред во изградба на овој автопат. Едноставно е, со неколку градежни машини и мал број на ангажирани лица автопат не се прави, рече Ивановски.

Тој потсети дека првичната проектирана цена на овој автопат беше 375 милиони евра, а со СДСМ на власт тој стигна скоро 600 милиони евра во 2020 година.

Таа разлика во цена ние на терен дека е реализирана воопшто не ја видовме.
Секој еден што патувал кон Кичево и Охрид последните години ќе види дека имал прилика да се увери во ова што го говорам, односно дека нема придвижување напред кон изградба на овој автопат. Притоа пред нас е нова летна сезона и наместо во овие тешки времиња да им се помогне на туристичкиот сектор да ги направиме Охрид и Струга барем малку поатрактивен, инфраструктурен по подомен за пристигнување ние гледаме дека на терен нема ништо.
Ситуацијата на терен е кажано народски да стигнеш до Охрид и Струга со автомобил, тој автомобил ќе го искршиш и тоа не е добро, рече Ивановски.

Ивановски додаде дека како и во сите сектори, и во градежништвото три години имаме една нула, три години го имаме Зоран Заев, иамме три години хибриден режим, три години неспособност и сиромаштија низ целата држава.

Успесите во капитални инвестиции на СДСМ се сведуваат на предизборното ветување на Зоран Заев во 2016та година за изградба на 600 км автопатишта, секој кој што има барем мало основно познавање на градежништво знае дека ова е нешто нестварливо и СДСМ го знае тоа и свесно излажаа, заврши Ивановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...