10 C
Ohrid
среда, април 16, 2025
ПочетнаМакедонијаДарко од Кавадарци: Mojaта мајка ми донираше бубрег, но беше спремна и...

Дарко од Кавадарци: Mojaта мајка ми донираше бубрег, но беше спремна и срцето да го даде замене..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дарко Митков од Кавадарци, 19-годишно момче, кое цели 18 години се соочуваше со тешката бубрежна болест, од шести март го започна новото поглавје во својот живот.
Неговата мајка Јанка му донираше бубрег на клиниката Аџибадем Систина Атакен, во Турција, по што тој ќе може да продолжи со нормален живот, без редовната дијализа, без секојдневните грижи и ограничувања поради дијагнозата со која го поминал речиси целиот живот.

<

раброто момче по операцијата заедно со неговата мајка се врати во Македонија, а за ,,Фокус” емотивно ја раскажува својата животна приказна.

-Цели осумнаесет години се борев со болеста, ваулва на задна утера ми беше дијагнозата. Со тек на време ми откажаа бубрезите, и последните двеипол години одев на дијализа. Тие кои што одат на дијализа знаат какво е чувството, тие апарати ти го земаат половина живот… Решението беше да се оди на операција, на трансплантација на бубрег.

Мајка ми Јанка, во ниту еден момент не се двоумеше таа да биде донорот. Па таа и срцето ако треба би го дала за мене, а не пак бубрег.

Започна да се разгледува како би течела процедурата, односно операцијата која се изведува во Турција, се испостави дека ќе изнесува околу 30.000 евра.

„Со помош на донации се собраа средствата и многу сум благодарен на сите кои помогнаа. Морам да ги спомнам градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, хуманистот од Неготино Димитар Аврамов, ВВ Тиквеш, навивачката група Лозари Исток и многу други кои несебично помогнаа. Преблагодарен сум му и на Др. Ристо Симеонов, преку кого заминав на операција во Турција- раскажува Дарко.

Вели дека во Турција пристигнале на 19-ти февруари, а операцијата се случила на шести март. Никогаш нема да ги заборави моментите пред да бидат внесени со неговата мајка во салите каде се извршувале операциите.

-Дојде докторот Симеонов и не праша со мајка ми дали сме спремни. Се погледнавме, со солзи радосници во очите. Ова беше нешто кое што го чекавме долг период, помешани чувства, страв, радост што лошото искуство со болеста ќе биде зад нас, вербата во Господ дека се ќе се заврши како што треба, и над се, силната мајчина љубов која не знае за никакви граници. Спремни сме, рековме, и се разделивме во надеж дека се ќе биде добро – раскажува момчето.

Ги оперирале два тима на лекари, Др. Симеонов го оперирал Дарко, а пак Јанка ја оперирале хирурзи од Турција. Се виделе дури наредниот ден по операцијата, повторно со солзи радосници.

-Јас бев на интензивна нега, ден по операцијата се видовме со мајка ми. Реакциите, секако емотивни, со солзи радосници што се помина во ред, што пред мене ќе можам да гледам во една нова, подобра иднина, благодарение на мајка ми, на татко ми и брат ми кои цело време беа покрај мене – се присетува младиот кавадарчанец.

За неговата мајка, вели дека не може да најде зборови кои ќе ја опишат нејзината големина. Имала 46 години, била работничка во германската фабрика Дрекслмајер во Кавадарци. Целиот живот го посветила на семејството, на грижата околу него. Сега, и двајцата се чувствувале добро, благодарни што процедурата поминала во ред, во очекување на убави нешта во иднина.

за повеќе може да пролитате на:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на Стојанче, шахтата во Аеродром доби капак !!!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка. Голема благодарност до службите во...

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Командир на ПС Кочани кој бил на чело на станицата за време на пожарот, а е еден од разрешените полицајци по трагедијата е меѓу...

Бесплатно ѓомлезе во Охрид и Струга по повод големиот христијански празник Велигден за фамилии што не можат да си дозволат.

! ХУМАНИТАРНА ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА ! „Ѓомлезе со љубов!“ По повод големиот христијански празник Велигден, со љубов и добрина од срце подготвуваме и донираме домашно ѓомлезе од...

Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на...