16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСветВиена ќе им плаќа по 50 евра на граѓаните за да одат...

Виена ќе им плаќа по 50 евра на граѓаните за да одат во ресторан

spot_imgspot_img

Јадењето и пиењето на штета на јавниот сектор? Ова наскоро ќе биде можно во Виена.
Од средината на јуни, секое домаќинство во Виена ќе добие ваучер до 50 евра од
градската власт. Целта е да се поддржи гастрономијата, која беше погодена сериозно од кризата со коронавирусот, изјави градоначалникот на австриската престолнина, Мајкл Лудвиг. Рестораните во Австрија повторно ќе бидат отворени во петок, објави вебстраницата „ое24“.
Понудата може да ја користат сите 950.000 домаќинства со постојано место на живеење во Виена, објасни градоначалникот.
Едночлено домаќинство ќе добие ваучер во вредност од 25 евра, а доколку
домаќинството го сочинуваат повеќе лица – ваучер за 50 евра. Тие можат да се користат во сите ресторани и кафулиња до крајот на септември.
Но, за оваа сума не можете да се консумира алкохол и тоа е единствениот недостаток на мерката која стапува во силе кон средината на јуни и ќе го чини градскиот буџет 40 милиони евра, пренесе БГНЕС.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...