18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче избори сепак ќе има повторно ќе се оди од врата...

Венко Филипче избори сепак ќе има повторно ќе се оди од врата до врата, но не смее да ви влегуваат во вашиот дом.

spot_imgspot_img

Комисијата за заразни болести изготви протокол за спроведување на изборната кампања и за денот на изборите. Протоколот ќе мора да се спроведува целосно и без исклучоци за да се заштити здравјето на граѓаните. Сите лидери на лидерската средба се изјасниле дека здравјето на граѓаните е најважно и затоа очекувам сите партии, членовите на партиите и сите останати учесници целосно да го почитуваат протоколот.

– Протоколот предвидува дополнителни мерки за тоа како ќе се спроведува целиот изборен процес, кампањата, движењето и организацијата на собирите и на отворено и во затворен простор, како и самиот ден на изборите, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Активностите на партиите треба да се одвиваат исклучително со почитување на досегашните мерки, а тоа се одржување на физичко растојание, заштитна маска , како и дезинфекција на рацете. Во однос на собирите, се препорачува да се користат разгласни уреди за да нема голема концентрација на граѓани. Кампањата врата на врата, исто така предвидува превентивни мерки, без влегување по домаќинствата, туку пред вратата или во дворот од куќата.

Партиските активности, кога може да се одржуваат на отворено, а во затворено да траат само два часа по што треба да се изврши целосна дезинфекција на просторот. На мобилните партиски штандови да не се собираат поголем број луѓе, и да не стојат повеќе од две лица, кои мора да носта заштитни маски.

Самиот ден на изборите ќе трае повеќе од два часа, односно затворањето на гласачките места ќе бидат затворени два часа подоцна од претходните избори

-На денот на изборите членовите на гласачките одбори да бидат со маски и ракавици, просторијата да биде постојано проветрена, на влез и на излез гласачите да ги дезинфицираат рацете и внатре да нема повеќе гласачи од број на гласачки места. Се препорачува и зголемување на времето за гласање од два часа, рече Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...