6.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСо мегафон кавадаречките полицајци ги предупредуваат граѓаните да не се групираат

Со мегафон кавадаречките полицајци ги предупредуваат граѓаните да не се групираат

Топлото време и разлабавувањето на мерките поради опасност од ширење на Ковид 19, ги извади граѓаните надвор. Сепак, остануваат на сила мерките за задолжително носење на заштитни маски на отворено кога не може да се држи дистанца од околу два метри, како и забраната за групирање на повеќе од две лица.

Со цел да го заштитат своето, но и колективното здравје, полициските службеници во Кавадарци веќе неколку дена редовно патролираат со своите возила на прометните зони и околу шеталиштата во градот, и преку мегафон предупредуваат да се држи растојание и да нема групирање.

-Отпрвин кога ги слушнавме мегафоните, се изненадивме, помисливме дека се работи за откуп на старо железо. Но, кога сфативме дека полицијата ги предупредува граѓаните да ги почитуваат мерките, ја поздравивме идејата. Наместо да се казнуваат, граѓаните се предупредуваат и очигледно е дека има ефект.
Дури и по навика, да се случи да заборават на новите правила поради вирусот, редовните полициски патроли и мегафоните се одлично потсетување дека треба да се внимава – ни раскажаа кавадарчани.

-Држете потребно растојание, не се групирајте – може да се слушне низ градот додека патролираат возилата.

Сепак, мерките на кои народот мора да се прилагоди и кои најверојатно ќе останат на сила подолг период, во голем број на општини не се почитуваат, а многу лица се однесуваат како опасниот вирус да не постои. Актуелни се укажувања од граѓани, кои на социјалните мрежи реагираат дека најчесто се прекршува забраната за групирање на повеќе од две лица, но и задолжителното носење на заштитни маски е мерка која што многумина ја игнорираат. Чести се и сликите на луѓе кои маските ги носат под брада, дури и кога се наоѓаат во затворен простор, најчесто во маркет, и покрај истакнатите ознаки да не се влегува без заштита.

Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од корона вирусот.

Од почетокот на мај,откако стапи на сила уредбата за задолжително носење на заштитни маски и забраната за групирање на повеќе од две лица, околу 600 граѓани биле опоменати поради неносење на лична заштита на лицето, а само околу 50 биле казнети, и тоа единствено во Скопје. Во другите градови, нема информација за изречена кана за неносење на маска.

Околу забраната за групирање, според последните информации, никој не е казнет.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...