17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле короната нема да е исто: Пијалоците во кафулињата во Охрид ќе...

После короната нема да е исто: Пијалоците во кафулињата во Охрид ќе бидат поскапи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова лето по сè изгледа поскапо кафе ќе се пие на охридското крајбрежје. Новите правила за работа кои угостителите сè уште ги немаат добиено, а ќе треба да ги исполнат ако сакаат да работат, можно е да ги покачат цените на услугите. Aко до пред затворањето на објектите поради пандемијата цената на едно кафе се движеше меѓу 70 и 90 денари, сега ситуацијата ќе наметне повисоки цени, најавуваат угостителите.

<

„Мене логично ми се наметнува таква работа. Штом мене ми се појавуваат додатни непредвидени трошоци, требало маски, требало визери, требало нараквици кои требало да ги менуваме по три-четири пара, а тие трошоци сме ги немале до сега…“, рече Димитар Зарчев-угостител.

Иако беше најавено дека угостителските објекти од понеделник би можеле да почнат со работа, сопствениците велат дека до сега немаат добиени никакви насоки за работа или предлог-правилници. Она до што дошле како информација e  дека на 10 м2 ќе може да се постави една маса за четворица.

„Овие услови кои сега ќе бидат воспоставени нееднакви, ги засегаат сите угостители. Големината на отворениот простор на терасата, местоположбата…“, вели Михаил Мишев-претседател на здружение на угостители на Охрид.

Паушално е дадена некаква димензија од 10 м2 за маса, велат нашите соговорници. Според нив, ако таа мерка се однесува на рестораните, тогаш може да има некаква логика, но што ќе се случува со кафулињата на кои целата тераса им е со толкава големина? Поради сето ова и поради скратеното работно време, некои од угостителите во нашиот најголем тористички центар велат дека ќе го преполоват персоналот, но можно е и воопшто да не отворат.

Извор: АлсатМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...