13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаУтре напладне ќе се утврдува датумот за парламентарни избори.

Утре напладне ќе се утврдува датумот за парламентарни избори.

Зоран Заев и Али Ахмети утре ќе одат во Вила Водно со став да има избори час поскоро. СДСМ очекува вонредните парламентарни да се организираат 22 дена по завршување на вонредната состојба. Според математиките предлог изборен ден би бил 21 јуни.

„СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата. Токму затоа сметаме дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи“. – Богданка Кузеска- СДСМ.

За ДУИ датумот не е важен, клучно за нив е што велат лекарите и меѓународните набљудувачи.

„ДУИ Сме за поскоро закажување на изборите, ни требаат институциите. ако се исполнат условите и се согласат сите партии, да се избегне можност за натамошно политичко ескалирање на ситуацијата“. – Бујар Османи.

ВМРО-ДПМНЕ на ден пред лидерската освен обвинувања до Бихаќка, не откриваат можен изборен датум.

„Во услови кога Франција и другите напредни земји бараат постигнување на политички консензус помеѓу политичките чинители и исполнување на здравствените критериуми за да одат на избори, СДСМ и по цена на животите на граѓаните сака да оди на избори.СДСМ и Зоран Заев не водат грижа за здравјето на граѓаните“. – ВМРО- ДПМНЕ

Единствениот термин за одржување на изборите кој Христијан Мицкоски го спомена е првата половина на јули. Овој заклучок го донесе по констатациите од претседателот на Дик, кој е дециден дека сите процедури со избирачкиот список би траеле повеќе од еден месец. Оливер Дерковски, кој е предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ им порача на политичарите дека нема да го потпише избирачкиот список доколку не помине низ сите процедури. На првата лидерска, првите луѓе на 7 партии се договорија да почекаат извештаи од Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ за утре повторно да се состанат и да утврдат изборен термин. Комисијата препорача дека може да има и митинзи и гласање, но според строго утврдени протоколи, растојание од два метра и маска за секој гласач. Според МНР, ОБСЕ дале зелено светло дека и на овие избори ќе ја извршат својата набљудувачка мисија, но за официјална изјаснување бараат точен датум. Според неофицијални информации можно е власта и опозицијата да постигнат консензус за 28 јуни- датум кога би се одржале предвремените парламентарни избори.

24вести

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...