8.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаСветПробната вакцина против Ковид-19 е неуспешна.

Пробната вакцина против Ковид-19 е неуспешна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатот за вакцина против коронавирусот од Универзитетот во Оксфорд не го запира вирусот во мајмуните и можно е тој да е само делумно ефикасен, предупредуваат експертите, пишува британски „Телеграф“.

<

Тестирањето на мајмуните не го запрело ширењето на вирусот меѓу животните и предизвикало сомнежи за неговата ефикасност кај луѓето и понатамошниот напредок во истражувањето.

Кандидатот за вакцина во моментов исто така се тестира и врз луѓе во Велика Британија. Владата веќе договори производство на повеќе од 30 милиони дози ако тестирањата се успешни, а во истражувањето се инвестирани повеќе од 50 милиони фунти.

– Сите мајмуни што ја примија вакцината во Оксфорд се заразија. Немаше разлика во состојбата на вакцинираните и невакцинираните мајмуни, сите беа заразени, напиша доктор Вилијам Хеселтин, поранешен професор на Харвард, во напис за „Форбс“.

Џонатан Бал, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот во Нотингем, вели дека ваквите податоци сугерираат дека кандидатот за вакцината во Оксфорд не може да го спречи ширење на вирусот.

– Тоа што немаше разлика во состојбата меѓу вакцинираните и невакцинираните мајмуни е многу значајно. Ако истото се случи и со луѓето, вакцината нема да го спречи ширењето на заразата. Верувам дека ова откритие бара преиспитување на тестирањето на истата вакцина врз луѓе, рече тој.

Досега, секоја фаза од истражување за оваа вакцина беше успешна и најавено е евентуално пласирање на пазарот уште оваа есен, ако се оди добро. Вакцината во Оксфорд имаше статус на најсериозен кандидат за борба против коронавирусот, но експертите се согласуваат дека ова е секако чекор назад, додава „Телеграф“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...