22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЕмилија Динева четири дена била во кома – нејзината братучетка раскажа како...

Емилија Динева четири дена била во кома – нејзината братучетка раскажа како се случила кобната несреќа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Емилија беше прекрасна личност, жена посветена на семејството, на ќерката и синот, на внучето кое го доби од нејзината ќерка. Му се радуваше на животот, ја веселеа малите работи, уживаше во времето минато со семејството и пријателите.

<

Да, таа беше среќна личност – вака за „Фокус” раскажува Наташа Накова, прва братучетка на Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

-Не можам да најдам зборови за да ја опишам нашата Емче. Никогаш во животот не покажа разочарување, насмевката и беше заштитен знак. Многу му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга. Работеше во кафеаната Боеми во Дојран, во кујната. Тој кобен ден, кога се случи несреќата, таа со мопедот тргнала на работа.

Удрила во бетонска ограда, била отфрлена неколку метри. За жал, поради тешко крварење во мозокот, беше четири дена во кома. На сите ни е многу тешко, но семејството собра сили и одлучи таа да биде донор, да се спасат животи на луѓе…

Горди сме на одлуката. Секогаш во мислите и срцата ќе ни остане нејзиниот насмеан лик – вели Накова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...