22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМанчевски: Ако не сакаат избори на 21 јуни ќе мора да ја...

Манчевски: Ако не сакаат избори на 21 јуни ќе мора да ја продолжиме вондредната состојба !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска изјави дека ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба. Партиите, според него, имаат прилика да се договорат кога ќе има избори, а тие е најдобро да се случат со консензус.

<

-Има две големи контрадикторности кај ВМРО – ДПМНЕ, од една страна критикуваат како лошо се менаџира кризата, а ВМРО-ДПМНЕ излезе со формално барање за намалување на мерките, што едно со друго не оди. Освен ВМРО-ДПМНЕ никој друг не зборува против избори. Второ, за роковите, ние имавме иницијатива да се соберат пратениците чиј мандат се уште трае, ама не работат, иако земаат плата. Тврдам дека Парламентот требаше да се собере, а опозицијата не сака Парламент, ама не сака ни избори. Јасно е, ако до 30 мај нема договор за избори, ние ќе мораме да ја продолжиме вонредната состојба. Имаме секој ден нови заразени, тоа е факт, но далеку сме од претходните недели. Граѓаните не може да се водат од интересите на една партија. Затоа имаме прилика да се договориме кога ќе имаме избори, изјави во емисијата „Детектор” на телевизија Сител Манчевски.

-Ако е неопходно ќе има и лидерска средба околу датумот за изборите. Изборите е најдобро да се случат со консензус затоа што имаме време и волја. Очекувам и друг тип на состаноци дека ќе има, но најмалку една лидерска ќе треба за да се договориме. До крајот на вонредната состојба имаме можност да направиме спогодба, а ако до тогаш нема договор, тогаш по завршување на вонредната состојба ќе почнат подготовките, согласно закон, односно ќе продолжат изборите онаму каде што застанаа, рече потпретседателот на СДСМ.

Посочи дека кога и да се одвиваат изборите, во јуни, јули или септември, вирусот ќе биде тука.

Тој истакна исто така дека сите одлуки во врска со пандемијата се носеле согласно препораките на лекарите и кога и да се изборите, важно е како ќе се спроведат и како ќе се организираат. Изборите, кога и да бидат ќе мора да се одржуваат во специјални услови. СДСМ, според Манчевски, нема да организира големи митинзи, а ќе се размисли и за за одење од врата до врата.

-Многу повеќе ќе имаме медиумски настапи, настапи на социјални мрежи, со еден збор мора да биде поинаку, изјави Манчевски.

слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...