23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаФејсбук започна да блокира креатори на лажни вести од Македонија и Филипините

Фејсбук започна да блокира креатори на лажни вести од Македонија и Филипините

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фејсбук блокираше креатори на лажни вести од Македонија и Филипините со образложение дека од овие две држави најчесто се пласираат дезинформации во врска со коронавирусот.
Вестите изобилувале со лажни тврдења дека коронавирусот е дел од владини заговори за контрола на населението преку вакцини. Дезинформациите се и во насока на тоа дека со носење маска на лицето се зголемува ризикот за зараза од вирусот.
Од Фејсбук тврдат дека континуирано се објавувале дезинформации против вакцина, која штити од Ковид-19, но и против 5Г мрежата.
Информираат дека ги блокирале овие страници бидејќи објавувале дезинформации со цел поголема популарност, а со тоа ги доведувале луѓето во заблуда.

<

Дел од странските реномирани онлајн весници ја корегираа првичната верзија за земјата каде оперираат креаторите на лажни вести. Тоа е Северна Македонија, пишува во исправката, а не Македонија.

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 6 милиони, а починале скоро 367.000 луѓе. Во САД се регистрирани речиси една третина од вкупниот број заразени на светско ниво. Следуваат Бразил, Русија, Шпанија, Велика Британија и Италија.

Но, државите постепено се враќаат во нормала, па Италија, која важи за едно од европските жаришта, од 3 јуни ги отвора внатрешните граници и овозможува движење меѓу дваесетте италијански региони бидејќи тамошните здравствени власти сметаат дека ситуацијата е под контрола.

Границите од почетокот на идниот месец голем број европски држави ги отвараат границите, но поради претпазливост најпрво патници ќе може слободно да се движат во своите соседни држави, а во подоцнежна фаза се очекува и целосно да се отворат границите. Но, секаде остануваат препораките за задолжително носење маска и одржување дистанца.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...