32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПо 14 години ИВЗ доби нов поглавар: Гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху...

По 14 години ИВЗ доби нов поглавар: Гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху е новиот исламски верски лидер во земјава.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По 14 години на поглаварското столче во Исламската верска заедница во Македонија седна друг човек. Гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху е новиот исламски верски лидер во земјава.

<

Титулата Реис ул Улема ќе ја носи до организирањето на избор за нов поглавар на ИВЗ. На својот прв ден како верски водач реисот Фетаху беше срдечно пречекан во седиштето во Скопје.

Се заблагодари на укажаната доверба, а по получасовната средба со останатите членови на верската заедница најави нова ера во организирањето на верскиот живот на муслиманите во Македонија.

“Институционалната култура е една од најважинте средства за правилно функционирање на иниституциите и во овој поглед, во иднина ќе бидат преземени конкретни чекори за реорганизација на највисоката верска институција. Наше очекување и желба е ИВЗ да биде пример за сите други институции”.

Новиот реис Фетаху дополни дека под негово водство, ИВЗ ќе биде достоинствена институција – носител на мирот, единството и просперитетот во земјата.

Како прв човек на ИВЗ доаѓа на местото на Сулејман Реџепи, кој пред неколку дена беше разрешен од Ријасетот. Реџепи во два наврати, повеќе од 20 години беше поглавар на ИВЗ, а неговото владеење често беше пропратено со контроверзи, иако по стапувањето на функцијата вети дека ќе воведе ред во организацијата.

По повод неговата смена, Реџепи се огласи со соопштение во кое вели дека ја прифаќа одлуката на Ријасетот, но оцени дека против него се водела негативна кампања.

“Последниве денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања која што јас ја сметам за нецивилизирана, а која се однесуваше на мојата личност, при што се изнесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ. Како верски водач и човек, длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања, но во ниту еден момент не го оспорив правото на кој било да го изнесе своето мислење и став…”

Неофицијално, примопредавањето на функцијата е извршено вчера во ИВЗ. Засега не се знае кога ќе бидат организирани изборите за нов поглавар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...