23.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанка контра тврдењата на владата - 5 дена молиме за тестирање, ...

Скопјанка контра тврдењата на владата – 5 дена молиме за тестирање, и на крајот ни кажаа што ќе ви е тест !!! (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Симтоми почувствувала минатиот петок, а во статистиката на позитивни се води од вторникот. 33-годишната Симона Герасимовска за Сител ја раскажува голготата низ која поминува нејзиното семејство бидејќи иако нејзините сопруг и ќерка исто така пројавиле симптоми, се уште не се тестирани.

<

Вели дека освен матичната лекарка, никој ниту проверува дали е во самоизолација, ниту каква е нејзината состојба. Им кажале дека сопругот и ќерката ќе бидат тестирани, но тестирањето се уште не е спроведено. Вчера се јавила во Центарот за јавно здравје, но наместо термин за тестирање добила дрзок одговор.

-Ми кажа дека имаат многу пациенти и дека немаат време за ништо. Меѓутоа, тоа не е мој проблем. Кога ја прашав кога ќе дојдат да ги тестираат сопругот и ќеркичката одговорот беше: „Најверојатно нема да ги тестираме, што ќе ви смени на вас тестот? Сигурно и тие се позитивни, штом се со симптоми. Седете дома во самоизолација, вели Герасимовска.

Симона вели дека сите нејзини пријатели се известени оти таа е позитивна. Дел од нив се тестирале и се негативни. Но вели дека без резултат луѓето се оставаат на својата совест.

-Ако немаме документ, немаат решение за самоизолација. Како нашите надлежни очекуваат нашите граѓани да бидат совесни. Ете, сопругот нема документ. Да е некој несовесен ќе излезе надвор и ќе каже: „Па, јас немам документ, ниту дошле да ме тестираат, ниту имам документ за самозолација. Зошто би седел дома?“, вели Герасимовска.

Матичниот лекар може да закаже термин, но тогаш нејзиниот сопруг ќе биде принуден да ги прекрши протоколите бидејќи лично ќе треба да се појави на пункт за тестирање. За Симона е несфатливо зошто не се тестира потесното семејство кога се плаќаат приденоси во Фондот за здравство, а сега се принудени тоа да го сторат приватно.

-Мене не ми е проблем да појдам и да платам уште 8.000 денари за ќерката и за сопругот. Меѓутоа, не е законски да излегуваат. А, од друга страна, кога ќе размислам 8.000 денари не се малку. Има семејства кои цел месец го поминуваат со тие 8.000 денари, вели Герасимовска.

Симона се тестирала во приватна клиника. За термин чекала два дена, а за резултати еден. Вели дека е револтирана зошто политичарите и јавните личности се тестираат веднаш, а резултатите ги добиваат за само неколку часа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...