13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаСветСоветскиот предавник кому Америка му вети милиони, а тој ѝ донесе милијарди

Советскиот предавник кому Америка му вети милиони, а тој ѝ донесе милијарди

Една обична студена јануарска вечер во 1977 година еден незабележлив педесетгодишник му пријде на непознат човек на бензинска пумпа недалеку од американската амбасада во Москва. Вториот беше шеф на оддел на ЦИА, а средбата не беше никаква случајност.

Главната причина за најголемото протекување информации за новите разработки на советската воена авијација беше човекот по име Адољф Толкачов. Тој во периодот од 1979 до 1985 година им има пренесено на Американците толку корисни информации што им овозможил на американските воени инженери да се оптимизираат во борбата против најсовремените авиони од арсеналот на Садам Хусеин, или да му дадат предност на Израел над Палестина, чии авиони беа исто така чиста советска технологија. И сето тоа за месечна плата поголема од платата на американскиот претседател. Да, Толкачов не доживеа да ги троши тие пари.

Шпионот кој работеше под шифрата Сфера стана познат како најплатениот советски граѓанин. А, уште поважно беше тоа колку благодарение на него заштедија Соединетите Американски Држави на технолошките иновации. Министерството за одбрана на САД прозна дека корист од Сфера имало и на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, Американските ласерски и радиолокациски системи брзо напредуваа и благодарение на еден руски предавник.

Толкачов, незабележлив меланхоличен човек работеше на технологиите за радиолокација и ласерско наведување за воената авијација во Научно-истражувачкиот институт „Фазотрон“ во Москва. Имаше што да ѝ замери на политиката на СССР, и пристап до тајните технологии, а тоа е мошне лоша комбинација!

Мотиви

Во април 1979 година кога за првпат се обратил на ЦИА, Толкачов ги изложил своите мотиви, сето она за што размислувал во претходните 5-6 години.

„…Можам само да кажам дека голема улога во тоа одиграа Солженицин и Сахаров, иако лично не ги познавам. […] Нешто однатре почна да ме гризе, нешто морав да сторам […] Избрав пат кој не ми дава да се вратам назад и немам намера да свртам од тој пат. Кога станува збор за паричната награда, не би воспоставувал контакт за какви било пари, на пример, со кинеската амбасада. А, кога станува збор за Америка? Можеби ми маѓепсала и јас, луд човек, ја сакам? Не сум ја видел вашата земја со своите очи. Немам доволно фантазија и романтизам. Но, врз основа на некои факти добив впечаток дека би сакал да живеам во Америка. Тоа е една од главните причини зошто ви ја предложив својата соработка. Награда за мене не се само парите. Тоа е нешто повеќе: значење и важност на мојата работа…“, објаснува Толкачов.

Како да се воспостави контакт со непријателот?

Толкачов живеел со жена си и со синот во релативно голем стан за седумдесеттите години од минатиот век со две спални соби на деветтиот кат во зграда на Курдинскиот плоштад, 400 метри од американската амбасада во Москва.

Неколку недели пред првата средба со главниот човек на ЦИА во Москва во 1977 година си правел вечерни прошетки низ соседството, разгледувајќи ги автомобилите со дипломатски регистарски таблички.

Кога му пришол на шефот на ЦИА само го прашал дали е Американец, а потоа оставил плик под бришачите. Во писмото кратко стои дека е заинтересиран за разговор во строга тајност со надлежните луѓе.

Американците му поверувале дури по две години испраќање вакви пораки.

Какви инструменти користела ЦИА

Американските „играчки“ биле добри. Навистина добри! Дури и во статија на весникот „Правда“ за апсењето на Толкачов можат да се прочитаат пофалби од страна на КГБ за многубројните мали камери што ги користел шпионот.

Во април 1980 година Вашингтон новите успешни тестирања на воената авијација ги оцени како „уникатна“ работа на разузнавачките служби. Тоа се случи кога во рацете им паднале информации за модификацијата на вториот советски ловец и многу фотографирани страници документи кои опишуваат неколку нови модели ракетни системи за воздушно базирање.

ЦИА работела со неколку камери, ги доработувала според потребите на Толкачов. Новата опрема често ја криеле во уличните телефонски говорници или дури во валкана фрлена ракавица.

Микрокамерите биле генијални, но во 1980 година Толкачов побарал и отровна пилула. „Работите што можам да ги кријам од своето семејство не можам да ги скријам од КГБ“, рекол тој.

Спуштање на завесата

Во 1983 година „Фазатрон“ вовел нови правила за безбедност, во институтот е поведена внатрешна истрага. Толкачов имал право кога помислил дека КГБ знае нешто. Сфера ја носел со себе отровната капсула, од време на време ги откажувал состаноците со Американците и ги менувал правилата на игра.

Несреќата се случила во јуни 1985 година. Како агентите на КГБ дознале сè и денес е тешко да се каже. ЦИА насетувала дека Толкачов знае нешто и дека се обидува да ги предупреди. Со месеци пред несреќната јунска средба отворил „погрешен“ прозорец во кујната и дал знак за надоаѓањето на несреќата.

Руски извори тврдат дека Советите долго време пред апсењето на Толкачов ја „клукале“ американската разузнавачка служба со лажни информации. Во 1986 година советскиот печат потврдил дека врз Толкачов е извршена смртна казна.


Единствена добра работа која може да се извлече од оваа приказна е тоа дека не настрадал синот на Толкачов кој денес е угледен московски архитект. А, сопругата на Адољф подоцна се обидела да се поврзе со Американците во врска со исплатата на оние ветени милион долари, хонорар што нејзиниот сопруг го заработил по цена на животот. Одговор не добила…

Во 2015 година ЦИА обелодени над 900 страници со детални описи од операцијата „Сфера“, а писателот Дејвид Е. Хофамн ги претвори во книгата „Шпион за милијарда долари“ и ја доби Пулицеровата награда.

Russiabeyond

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...