8.6 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаБујар Османи: Не само Ахмети што зборува Албански треба и вашите политичари...

Бујар Османи: Не само Ахмети што зборува Албански треба и вашите политичари да зборуваат, затоа што Албанскиот е втор официјален јазик.

И по острите реакции од партиите и од јавноста дека тоа е невозможно, од неговата партија се убедени дека ќе успејат во намерата. Албанците не се рамноправни на институционално ниво и треба да се стави крај на етничкиот монопол на премиерската функција, тврди високиот функционер од ДУИ, Бујар Османи. Додава дека не се работи за предизборно додворување на гласачите.

– Ние денеска ги повикавме сите албански партии, особено на Албанците, да се обединиме за оваа идеја, бидејќи ова е надпартиско прашање со кое се руши последната бариера на неправда во оваа држава каде што се уште постои етнички монопол и предрасуда за функцијата премиер. – Бујар Османи – ДУИ

Османи вели дека досега сите амбициозни цели како партија ги оствариле, а меѓу нив ги вбројува министерските позиции, изборот на Талат Џафери за собраниски спикер и законот за јазици како последен приоритет за нив од Охридскиот рамковен договор.

– Сметаме дека сега е време да се избере првиот премиер Албанец, со што ќе има континуитет во успесите за рамноправност која се уште не е целосна во оваа држава, но имајќи ги предвид чекорите од претходно вклучувајќи ги прв министер за одбрана, прв министер за внатрешни работи, претседател на Врховен суд, народен правобранител, претседател на Собрание, сега е логичен след. – Бујар Османи – ДУИ

Откако Ахмети ја промовираше новата идеја, брз одговор пристигна од најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ – согласни дека премиер ќе стане оној кој ќе освои најмалку 61 пратеник на парламентарните избори, а потоа истиот ќе формира владина коалиција.

канал5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...