6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаСветВо Србија за еден ден 4.000 оздравени пациенти од Ковид-19.

Во Србија за еден ден 4.000 оздравени пациенти од Ковид-19.

Бројот на излечени од коронавирусот во Србија се зголеми за нешто повеќе од 4.000 пациенти за само еден ден, што предизвика многу сомнежи, а заменик-директорката на на Институтот, Дарија Кисиќ-Тепавшевиќ, одговори дека немало непрофесионални или немедицински причини за тоа, пишува српски Курир.

Причината, вели д-р Кисиќ Тепавшевиќ, е ново рекласифицирање на позитивите за вирусот.

Таа вели дека во петокот е донесена одлука во Кризниот штаб за „релекс“ на тековниот строг пристап кон надзорот на Ковид-19.

Имено, како што вели, на седницата на Кризниот штаб во петокот, било решено дека еден негативен ПЦР тест е доволен за асимптоматските пациенти, наместо претходните два, за една личност да се смета за здрава, и со тоа е скратено времето за следење на текот на болеста.

На веб-страницата „Ковид19“ беше објавено во петокот дека бројот на излечени бил 6.931, додека еден ден подоцна тој број е 11.056.

„Имајќи ја предвид поповолната епидемиолошка состојба кај нас, што првенствено се рефлектира во доминантните асимптоматски форми на инфекција, затоа што за повеќе од 75 проценти од пациентите не сме принудени интензивно да ги бараме, ние во Кризниот штаб во петокот решивме дека се исполнети условите за помалку строг пристап кон супервизијата“, рече Кишиќ.

Таа објаснува дека ова сега значи дека луѓето на кои им е дијагностициран вирусот и немаат знаци на заболување, по клиничкиот преглед одат на домашна изолација, а не во привремена болница.

Додава дека тие остануваат во домашна изолација 14 дена, а доколку не развијат никакви симптоми на болеста до тогаш, прават ПЦР тест и ако се негативни, тие се обележани како здрави.

„Во согласност со новите критериуми, статусот на сите позитивни случаи е прекласифициран“, вели Кишиќ.

Фото. Курир.рс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...