16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСветНов Зеланд тотално го елиминира вирусот животот се враќа во нормала

Нов Зеланд тотално го елиминира вирусот животот се враќа во нормала

spot_imgspot_img

На Нов Зеланд го елиминираше преносот на коронавирус на домашен терен и земјата ќе ги укине сите мерки, освен ограничувањата на границите, рече денес премиерката Џасинда Ардерн, со што земјата е една од првите во светот што го стори тоа, пренесе Ројтерс.

Владата ќе ги укине мерките за физичко дистанцирање во понеделник на полноќ, рече Ардерн на прес-конференцијата.

Јавните и приватните настани ќе можат повторно да се одржуваат, а продавниците, угостителството и целиот јавен превоз ќе може да работи без мерките за физичко дистанцирање, кои сè уште се во сила во повеќето земји.

„Иако ситуацијата е посигурна и подобра, сè уште не постои лесен пат за животот пред ковид-19, но решеноста и фокусот на здравствениот одговор сега ќе се фокусираат на економската обнова“, рече Ардерн.

„Иако сè уште не ја завршивме работата, не оспоруваме дека ова е пресвртница. Затоа можам да завршам едноставно: Благодарам, Нов Зеланд“, рече премиерката.

Таа пацифичка држава со околу 5 милиони жители ја надмина пандемијата, додека големите економии како Бразил, Велика Британија, Индија и Соединетите Држави сè уште се борат против вирусот.

„Убедени сме дека сега го елиминиравме вирусот на Нов Зеланд, но елиминацијата не е прашање на време, туку на постојан напор“, истакна Ардерн.

Ограничувањата на границите заедно со изолација и карантин остануваат во сила, додаде таа.

Вирусот пристигна во земјата кон крајот на февруари, а сега нема активни случаи, соопшти Министерството за здравство. Нов Зеланд пријави 1.154 заразени лица и 22 починати од ковид-19.

Министерството за здравство, сепак, е претпазливо со прогласување победа над вирусот. Тие истакнуваат дека елиминацијата не значи дека вирусот е „трајно искоренет“, туку дека е запрен „ланецот на пренос“, во моментот кога последното заразено лице ја напушти изолацијата.

Исто така, земјата мора „ефикасно да го спречи или ограничи секој иден случај увезен од странство“, се додава во соопштението.

  1. Понеделник е 17 ден да нема новозаразени во Нов Зеланд.л

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...