9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаДУИ- Времето на македонците заврши - Победивме 2001, и сега ќе...

ДУИ- Времето на македонците заврши – Победивме 2001, и сега ќе победиме и ќе има премиер Албанец

spot_imgspot_img

ДУИ продолжува со кампањата за премиер-Албанец во рамките на која денеска соопшти дека во минатото имало само две опции за тоа кој ќе биде следниот премиер на државата и секогаш фактичката ситуација била дека тој ќе биде од кандидатите на СДСМ или ВМРО.

„Овој пат, за прв пат во нашата историја, е различно, се има избор. Овој пат, граѓаните имаат три опции: двајца кандидати Македонци од македонските партии, или пак, за прв пат во историјата еден кандидат Албанец за премиер на нашата земја, претседател на Влада кој ќе ги претставува не само македонските партии, туку премиер кој ќе ги претставува и Албанците граѓани и сите други во нашата земја, без разлика на нивната етничка припадност. Етничкиот македонски монопол врз моќта заврши. Ако зборуваме за едно општество, тогаш е време за еднаква распределба на моќта и можностите“, изјави Изет Меџити.

Според него, на денешен ден, пред 21 година, „НАТО влезе на Косово од Македонија и донесе мир и слобода за нашите браќа и сестри“.

„Тогаш, нашите сонародници и многу други ги жртвуваа своите животи за нивните права и животи. Денес, времињата се променија, веќе нема војна и сите живееме во слобода, еднаквост во многу полиња и имаме можности пред нас. Но сѐ уште имаме потреба да се бориме за нашите права, за целосна еднаквост и можности. Овој пат, тоа го правиме преку демократски избори, преку нашиот глас. Но едно нешто е слично, а тоа е дека никој не веруваше во почетокот дека Албанците ќе победат. Тоа го докажавме тогаш и ќе го докажеме сега, кога сме обединети, можеме да постигнеме сѐ“, рече Меџити.

Тој вели дека албанскиот глас во земјава секогаш бил пресуден и Албанците во 2016 година ја донеле промената и го избрале Зоран Заев за премиер иако граѓаните на тие избори гласаа и одлучиле различно, а тој бил втор на тие избори.

„Овој пат, албанскиот глас исто така ќе биде пресуден. Но овој пат, ние Албанците, сите заедно, по изборите, ќе поддржиме наш кандидат за прв Албанец премиер на земјата.

Ова е чекор кон целосна еднаквост, ова е следното ниво на демократија во Северна Македонија. Моќта не им припаѓа веке екслузивно само на двете македонски партии во црно бел свет. Граѓаните одлучуваат и овој пат, за прв пат граѓаните имаат трета опција, троен натпревар. И за трета опција нема да гласаат само Албанци, туку сите заедници ќе гласаат за нашиот кандидат за премиер затоа ги каниме и сите Македонци, и сите други заедници кои што се разочарани од страна на црно белиот свет на двете македонски политички партии да гласаат за премиер кој што не е од СДСМ или ВМРО, туку премиер на сите и за сите“, додаде Меџити.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...