17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку вечерва го посетите манастирот Св. Еразмо Охридски, ќе забележите обележании линии...

Доколку вечерва го посетите манастирот Св. Еразмо Охридски, ќе забележите обележании линии за држење растојание и натпис на кој пишува задолжително носење на маска..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почитувани верници,
Македонската православна црква – Охридска ахиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, и тоа:

<

1. На 14 јуни 2020 година, во 19.00 ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.

2. На 15 јуни 2020 година, во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарко-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 08:45 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.00 часот.

Ние, како Црква, заедно и свештенството и народот, треба да знаеме дека ние сме создадени според образот Божји, ние сме икона Божја. Но, не сме само душа која лута, ниту само тело без душа. Бог нѐ создал и ни дал и душа, но и тело. Следствено на ова, ние сме дожни да се грижиме за душата и за телото. Токму затоа, секогаш апелираме за почитување на мерките од Владата, зашто и Црвата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луѓе. Затоа сметаме дека со нашето внимание и со грижата за себе, но, пред сѐ, со грижата за нашите ближни, можеме да придонесеме во голем дел што побрзо да се ослободиме од ова искушение.

Затоа, поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат во манастирот и да се помолат на големиот светител, дека ќе мора да се придржуваат до мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.

Истовремено, Ве известуваме дека оваа година нема да се поставуваат тезги во манастирскиот двор.

Се надеваме дека верниот народ ја разбира нашата грижа, особено што ова е грижа, пред сѐ, за нив, за нивното здравје и за нашата иднина. Господ, нашиот Бог, по молитвите на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, да нѐ избави од сите искушенија и да ни дарува здравје, мир и голема љубов, та победувајќи го невидливиот непријател, уште повеќе да се зацврсти нашата вера и да нѐ сплоти како народ, кој верно ќе му служи на Црквата и на Татковината.

– Од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...