3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВо клиниката „Жан Митрев“ успешно прочитан кодот на вирусот, мутацијата во Македонија...

Во клиниката „Жан Митрев“ успешно прочитан кодот на вирусот, мутацијата во Македонија ја зголемува преносливоста и заразноста

spot_img

Тимот од Лабораторијата за Генетика и персонализирана медицина од Клиниката „Жан Митрев“ во соработка со партнерска компанија, предводен од д-р Горан Кунгуловски, ги секвенционираше првите целосни геноми на коронавирусот SARS-CoV-2, изолирани од македонски пациенти на почетокот на јуни, што е едно значајно поглавје во македонската биомедицина.

Преку пристап на трета генерација на секвенционирање во реално време, тимот од молекуларни биолози целосно ги декодираше сите 30-тина илјади букви од генетскиот материјал на вирусот кај 10 македонски пациенти. При деталната анализа на геномот беше откриено присуството мутацијата P323L во RdRP генот и мутацијата D614G во S генот, во изолатите од сите 10 пациенти, соопшти Жан Митрев клиника.

Овие мутации се од особено значење бидејќи се наоѓаат во едни од двата најважни протеини на коронавирусот: S протеинот е клучот за влегување на самиот вирус во клетката и нејзиното инфицирање, а додека пак RdRp генот е значаен за делбата на вирусот во клетката.

Според последните научни студии, соевите коишто ја имаат D614G мутацијата, во изминатите месеци станаа доминантни во Европа и некои региони на САД. Се смета дека мутацијата D614G којашто е отсутна во 97% од изолатите во Кина, а доминантна во Европа и исто така откриена во Македонија, ја зголемува преносливоста и заразноста на вирусот, но нема ефект врз сериозноста на симптомите.

S протеинот е еден од главните таргети за развој на вакцина против вирусот, а додека пак RdRp генот претставува еден од главните таргети за развој на терапија против вирусот. Секвенционирањето на повеќе изолати на вирусот од македонски пациенти од самиот почеток на епидемијата па до сега, ќе овозможи за точно следење на еволуцијата и промените на вирусот во рамките на Македонија.

Жан Митрев клиника.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...