25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗекири излезе од Инфективна: Крајно време е луѓето да се освестат за...

Зекири излезе од Инфективна: Крајно време е луѓето да се освестат за вирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на Фејсбук објави дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести и дека со неговото семејство се дома и, како што вели, живи и здрави.

<

Зекири им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.

„Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон ковид-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат“, напиша Зекири на Фејсбук.

Вчера, и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека по два негативни теста на коронавирус, се враќа на секојдневните обврски.

На 31 мај беше соопштено дека пратеникот Зекири е позитивен на коронавирус, а утредента вирусот беше потврден и кај Лукаревска. Поради средби со нив, во двонеделна самоизолација беа министрите Дамјан Манчевски и Мила Царовска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...