13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКога државата не сака да помогне мора ние: Средношколци се откажуваат од...

Кога државата не сака да помогне мора ние: Средношколци се откажуваат од ваучерите од 3.000 денари и ги донираат на социјално загрозени семејства

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изминативе денови на социјалните мрежи, посебно на страниците со огласи, можат да се забележат објави од средношколци и студенти, кои се откажуваат од своите ваучери од 3.000 денари. Истите информираат дека ќе ги донираат овие средства на социјално загрозени семејства, и по пат на социјалните мрежи бараат информации од јавноста, на кое семејство би можеле да му ја донираат сумата.

<

Ваучерите, односно домашните платежни картички во износ од 3.000 денари ги доделува Владата за средношколци и студенти, и се наменети за купување на домашни производи и услуги во одредени дејности кои се најпогодени од кризата.
-Ја подарувам мојата картичка од мерката Купувам домашно, на фамилија на која и попотребна од мене. Како студент ми следуваат 3.000 денари, пишете ми доколку познавате такви семејства и јавете ми како да исконтактирам со нив – често може да се прочита на страниците со огласи изминативе денови.Овие хумани гестови на младите луѓе наидоа на голем поздрав од широката јавност.

Поради солидарноста која ја покажаа во време кога голем број на семејства се во финансиска криза поради актуелната пандемија, чести се коментарите дека овие младинци се светла точка во човештвото.

Со одлуката на Владата за доделување на три типа на парична поддршка, ваучери за средношколци, студенти и млади лица до 29 години, за да се подобри куповната моќ, се опфатени околу 100.000 корисници, а ќе се потрошат околу 12 милиони евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...