16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВо охридската Општа болница  останаа уште три слободни кревети

Во охридската Општа болница  останаа уште три слободни кревети

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во охридската Општа болница има уште три слободни кревети за прием на пациенти позитивни или суспектни на COVID-19, информира за Супер радио и OhridPress директорот д-р Горан Балевски.

<

На Инфективното одделение во моментов има 16 пациенти позитивни на коронавирус.

– Капацитетот на легла на Инфективното одделение е 18, со преадаптација и на други одделение стигнавме до капацитет да можеме да примиме 25 пациенти. Во моментов во болницата се слободни уште три кревети. За сомнителните случаи се обезбедени посебни услови согласно протоколите и насоките кои ни се дадени, вели д-р Балески.

Од минатата недела поради исполнетоста на болничките капацитети во битолската болница, која беше регионален центар, пациенти од Охрид и околината се примаат на Инфективното одделение во охридската болница.

Според статистиката моментално во Охрид има 65 пациенти активни на коронавирус. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 84 лица, две лица починаа, а 17 се излекувани. Повеќе прочитајте тука….

извор: ОхридПрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...