17.2 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветБомби почнаа да ја тресат и Бугарија: Објавени фотографии од Борисов во...

Бомби почнаа да ја тресат и Бугарија: Објавени фотографии од Борисов во спална и фиоки полни со евра и аудио снимки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, бил фотографиран како лежи гол во спална соба покриен со прекривка, а на натказната до него има пиштол и во фиоката се гледаат банкноти од 500 евра, денеска излегоа во јавноста.

<

Тој е фотографиран во неговата спална соба во премиерската резиденција, а и самиот денеска зборуваше за фотографиите и упати обвинувања кон политичките противници и бугарскиот претседател Румен Радев.

„Човек има свој личен простор. Како може да дојдат да ме снимаат? Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев?… Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, а и слатко си спиев“,зборувал Борисов на денешната прес-конференција додека прекори и новинар зошто се смее и го праша дали сака и него така да го снимаат кога спие и со кого спие.

Во неговата денешна изјава тој посочил дека противниците го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кој треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната.

„Нашите политички противници денеска го допреа дното. Станавме непријатни за нив откако Бугарија ја извадивме од една орбита и ја испративме директно во реалната евроатлантска заедница. Затоа имаат омраза кон нас“, обвини Борисов.

„Претседателот Радев ме следи со дрон“

Борисов вели дека не може да знае дали фотографиите се реални бидејќи ако се, тогаш се направени додека спие. Затоа, изјави дека ќе чека да потврди вештачењето.

„Јас сум слободна личност, водам нормален живот. Целта е да нè уништат ментално, а потоа и да не нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен“,

изјавил денеска Борисов. Како што пренесуваат бугарските медиуми, тој директно го обвини претседателот Румен Радев дека го следи со дрон кој го добил од Кина.

„Претседателот Радев ја премина границата и си дозволи да крене беспилотно летало и да ме фотографи“,изјавил Борисов.

Фотографиите не се единствените компромитирачки материјали. Минатиот петок во петокот во бугарската јавност се појавиле и аудио снимки во кој се слуша глас кој наликува на Борисов и уште еден непознат соговорник.

Како што пренесува бугарскиот портал „Сега“, станува збор за снимка која е составена од три различни разговори и во нив се слуша Борисов како користи вулгарни зборови кога зборува за претседателката на Собранието, Цета Карајанчева, како и дека има разговори со државниот обвинител Иван Гешев за отворенање случаи, како се потсмева со странски премиери …

„Сега“ пишува дека Борисов за снимките, пак, директно го обвинил неговиот поранешен заменик-претседател во партијата ГЕРБ. Сепак, бугарскиот премиер категорично ја негира содржината на разговорите.

Во разговор со новинарите за тоа дали по ваквите компромитирачки материјали ќе си поднесе оставка, тој непоколебливо одговорил дека нема и ја нагласил важноста на месец јули за Бугарија.

Видео на bTV од прес-конференцијата на Борисов:

blob:https://www.facebook.com/6063f70a-452d-4802-8a66-95975cfcba53

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...