8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДУИ предупредува: Ако нема премиер Албанец, ќе нема ни влада- ќе направиме...

ДУИ предупредува: Ако нема премиер Албанец, ќе нема ни влада- ќе направиме криза

Ако Заев или Мицкоски дефинитивно ја отфрлат понудата, а ДУИ е победник на изборите во албанскиот политички блок и од нас зависи формирањето на новата влада, тогаш ќе нема ни влада, ќе има политичка криза и нови избори, брифира функционер од ДУИ.

Ако нема премиер Албанец ќе нема ни влада. Ова сублимирано е позицијата на ДУИ со која ќе ги притиска Зоран Заев или Христијан Мицкоски во зависност од тоа кој ќе биде победникот на изборите, за реализација на понудата на Али Ахмети за прв премиер Албанец на Македонија, брифираат за Плусинфо функционери од ДУИ.

Кандидатот за премиер, како што најави Ахмети, ќе го соопштат на првиот ден од изборната кампања. Дознаваме дека во игра за кандидат за премиер се петмина интелектуалци од сферата на економијата и дека Ахмети ќе пресече кој ќе биде адутот кој ќе треба да ги „исфрли“ Заев или Мицкоски од престижната функција.

– Ако Заев или Мицкоски дефинитивно ја отфрлат понудата, а ДУИ е победник на изборите во албанскиот политички блок и од нас зависи формирањето на новата влада, тогаш ќе нема ни влада, ќе има политичка криза и нови избори– брифира функционер од ДУИ.

Според него, во таков случај ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да направат влада, бидејќи ќе немаат доволно мнозинство, односно ДУИ како победничка партија кај Албанците повторно ќе инсистира на коалиција победник со победник, но овојпат и со премиер Албанец.

Од партијата не прецизираат како ќе спречат СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ да формираат влада со другите партии на Албанците, дали повторно ќе дејствуваат вонинституционално, со протести по улиците како по изборите во 2006 година. Од таму велат дека за тоа, органите на партијата ќе одлучуваат кога ќе дојде време.

Висок функционер на ДУИ е убеден дека ќе има влада со премиер Албанец и дека тоа го кажува компетентно и со основа.

– Платформата за прв премиер Албанец кај Албанците станува сѐ повеќе референдумско изјаснување. Концептот ги мобилизираше сите општествени слоеви кај Албанците, а секако добива секој ден сѐ поголема поддршка и кај другите заедници. Ова е лавина која нема да може да се спречи, а целта е благородна, еднаква шанса и целосна еднаквост за сите – вели функционерот на ДУИ.

Освен предлогот за премиер Албанец, Ахмети веќе ги испорача и другите црвени линии за владина коалиција – договорите за добрососедство и за името. Тој во интервју за косовска телевизија порача дека секој што е против Преспанскиот договор и против Договорот за добрососедство со Бугарија, не може да смета на партнерство со ДУИ во идната влада.

Извор Плусинфо

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...