23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Вечното почивалиште на Тоше Проески ќе биде готово до крајот...

Оливер Спасовски: Вечното почивалиште на Тоше Проески ќе биде готово до крајот на летото.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Увид во работите на изградбата на спомен-обележјето на гробното место на Тоше Проески, денеска направија премиерот, Оливер Спасовски, вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски кои воедно положија и свежо цвеќе во спомен куќата.

<

Премиерот Спасовски истакна дека Владата е определена да ги завршува работите што ги презема.

– Претходната владина гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ непотребно ја бирократизираше и ја оддолжи постапката за изградба на гробното спомен-обележје на Тоше, и залудно беа изгубени средствата предвидени за таа намена. Владата предводена од СДСМ, минатата година додели 10 милиони денари за да се реализира идејното решение, кое се оформи како конечно низ постојана комуникација и консултација со родителите на Тоше – потенцираше Спасовски.

Тој образложи дека сега се изведуваат завршните работи и наскоро првенствено неговото семејство, а потоа и неговите обожаватели ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува големата религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика.– Многу скоро, до крајот на летото, овде на Гумење ќе биде достојно уредено и завршено неговото вечно почивалиште, кое никогаш не е без посетители. Сите тие го одржуваат споменот во негова чест, споменот на благородната душа која со своите постапки и со своите песни обележа цела една епоха од нашето културно и естрадно творештво, и беше амбасадорот на нашата земја и на неговото Крушево во светот – рече премиерот.
нова македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...