15.5 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ги отфрлам обвинувањата упатени кон мене и ќе поднесам кривична пријава...

Ковачевски: Ги отфрлам обвинувањата упатени кон мене и ќе поднесам кривична пријава против Чулев.

spot_imgspot_img

Генералниот директор на АД ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола Васко Ковачевски на прес-конференција во Битола изјави дека ги отфрла обвинувањата упатени до него од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, и ќе поднесе кривична пријава против него.

Изјавата и реакцијата на Ковачевски е предизвикана од министерот Чулев кој за време на денешната посета во СВР Битола, на прес конференција изјави дека до Основното јавно обвинителство во Битола е поднесено известување за вршена изнуда и барање поткуп во износ од 250.000 евра од фирма која добила тендер во РЕК Битола за ископ на јаловина.

-Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО – ДПМНЕ.

Ги отфрлам неговите обвинувања искажани денес во Битола и тие не се точни.

Помина времето на МВР – ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа за нив неподобните. Кога министерот Наќе Чулев сака да бара криминал тогаш му препорачувам да се занимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени, и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати.

За ваквите неосновани обвинувања и денешната изјава ќе поднесам кривична пријава против него, изјави Ковачевски.

охрид скај

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија најбрзо што може

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека...