16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЕСМА, ЖИВКО ПОПОВСКИ, СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, БЛАЖЕ КОНЕСКИ, ЃОРЃИ КОЛОЗОВ И БУШТУР ЌЕ...

ЕСМА, ЖИВКО ПОПОВСКИ, СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, БЛАЖЕ КОНЕСКИ, ЃОРЃИ КОЛОЗОВ И БУШТУР ЌЕ ДОБИЈАТ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ

spot_imgspot_img

Народни херои, архитекти, ректори на скопскиот универзитет, претседателите на Собранието, почесни граѓани на Скопје, уметници и спортисти ќе добијат свои улици, мостови и плоштади во главниот град. Комисијата за именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, ја составила листата на личности според кои ќе бидат именувани улици во Скопје.

Се предвидува именување на улици или булевари според сите народни херои кои досега немале улица во Скопје или им била одземена, ректорите на скопските универзитети, како и претседателите на Собранието. Еден мост во Скопје ќе биде именуван според Роза Плавева и Накие Бајрам, кои за време на Младотурската револуција, ги организирале турските жени во борба против зарот и фереџето.Улица ќе добијат и архитекти важни за Скопје како Живко Поповски, Славко Брезовски, Борис Чипан, Томас Доксијадис, но и почесните граѓани Торвалд Столтенберг, Лоренс Иглбергер и У Тант.„Во листата на Комисијата се и писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески и Даница Ручигај. Не се заборавени ниту ликовните уметници како Томе Серафимовски, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Борка Аврамова и културните уметници Есма Раџепова-Теодосиевска, Мери Бошкова, Неда Гешоска, Ѓорѓи Колозов, Тодорка Кондова, Димитар Ќостаров, Илија Милчин, Илија Џувалекоски, Џемаил Максут, Салаетин Билал“, велат за САКАМДАКАЖАМ. МК од Град Скопје.Значајни имиња за македонскиот спорт исто така ќе добијат свои улици и тоа Атина Бојаџи, Нада Ицева-Салџиева, Благој Истатов, Благоја Георгиевски-Буштур.Од Град Скопје велат дека процесот ќе го почнат по завршување на изборите и очекуваат до крајот на годинава да биде завршен.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...