18.8 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче побара веднаш да биде разрешен директорот на јавно здравје Зибери, откако...

Филипче побара веднаш да биде разрешен директорот на јавно здравје Зибери, откако најави дека ги отворал границите за да дојде дијаспората и да гласа за ДУИ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изјавата на директорот Арбен Зибери не е точна и ако има правни услови тој денеска ќе биде сменет, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, како одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје, кој кажа дека лично издејствувал отворање на границите без потреба од ПЦР тест и карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите.

<

„Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутно невистина, директорот Зибери не е член на Комисијата, ова сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче, додавајќи дека Комисијата постојано работи врз основа на медицинските индикатори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...