12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЕвропа не сака да ги отвори границите за македонските државјани?!

Европа не сака да ги отвори границите за македонските државјани?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонските државјани и натаму се не пожелни во земјите членки на ЕУ. Шефот на македонската дипломатија вели малку држави од Западен балкан ќе ги исполнат условите да бидат на белата листа. Секоја од членките ќе носи национална одлука за кого ќе ги отвори границите. Димитров вчера имал видео средба со колегите од балканот и еврокомесарот за проширување Вархеј кој им соопштил дека состојбата со заразени ќе биде пресудна во одлучувањето .

<

–Евроамбасадорот кажа дека процесот на консултации трае и дека ова прашање ќе биде соодветно решено. Дека одлуките ќе бидат врз основа на објективни критериуми во однос на епидемиолошката слика на сите земји на Западен Балкан. Според она што го знам можам да речам дека моментално малку држави од шестте во Западен Балканот ќе ги исполнат условите за да бидат на целосно белата листа, но да ја видиме одлуката. ЕУ ќе донесе препорака за земјите членки. Одлуката ќе биде национална на земјите членки.Препораката ќе се менува секои 14 дена во однос на состојбите во земјите.

Иако се очекуваше Грција од први јули да допушти влез за македонските државјани, Димитров вели одлуката и кај нив ќе се носи следната недела. Според грчките медиуми, аеродромите веќе направиле листа со забрана за слетување на авиони од 9 земји меѓу кои е и Македонија.

Еуроњуз излезе со листата на земји чии државјани се пожелни во ЕУ. Македонија е единствена земја од балканот која не се најде ниту во ниту една категорија. ЕУ амбасадорите вчера не го изедначиле ставот па разговорите ќе ги продолжат во понеделник. Незивесен е и датумот а одлуката нема да зависи само од стапката на заразени, ќе се земаат предвид бројот на кревети за интензивна нега и респиратори со кои располагаат земјите.

Од вчера во државата не пречено влегуваат патници од секаде додека нашите граѓани се ограничени. Најфреквентна е границата со Србија и Косово. Од полноќ до 12 часот на пладне на граничниот премин Табановце за влез и излез поминале 3278 патници. Главно излегле македонски државјани но границата ја поминале и странци. На Блаце влегле и излегле вкупно 3105 патници.

На преминот Богородица регистрирани се 1467 патници, од кои во Грција влегуваат само наши државјани кои работат како транспортери. На границата со Албанија излегле 569 патници. Во Бугарија се уште е на сила вонрдната состојба а на граничниот премин Деве Баир поминале само 237 патници , главно за влез во Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...