20.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес има нови 147 позитивни на ковид, шест починати меѓу нив и...

Денес има нови 147 позитивни на ковид, шест починати меѓу нив и 36 годишен Штипјанец.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Починати се 6 лицa по компликации од коронавирус за изминатото деноноќие, и тоа тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово, објави Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63) . Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63) и еден пациент од Штип (36). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69), во Куманово пациент на 78 години.

<

Во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 64
– Куманово 8
– Штип 6
– Прилеп 3
– Тетово 16
– Струга 7
– Велес 5
– Битола 4
– Охрид 5
– Гостивар 9
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово-1
– Свети Николе 7
– Кичево 4
– Ресен 4

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...