6.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСела: Ако Заев и Мицкоски направат македонска влада, ние ќе направиме албанска...

Села: Ако Заев и Мицкоски направат македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Коалицијата „Сега е време“ во саботата вечерта и покрај лошите временски услови одржа посетен централен митинг во Струга.

<

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на митингот меѓу другото зборуваше и за идејата на, како што рече, лидерите на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев и на опозицската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.

„Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе создадеме нашата албанска влада“, рече Села од Струга.

Изјавата на Села доаѓа по идејата искажана од Заев во телевизискиот дуел со Мицкоски претходно седмицава, одговарајќи на прашањето за условувањето на неговиот коалициски партнер Али Ахмети од ДУИ, за поддршка за составување влада само доколку за премиер биде назначен нивниот кандидат Насер Зибери.

Имено лидерот на СДСМ во текот ТВ-дуелот на Телевизија 24 во вторникот вечерта во еден момент побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поддршка од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада.

Заев, поточно, изјави дека условот на ДУИ Албанец да биде премиер не може да ја прифати и затоа, без поддршката од актуелниот владин партнер побара помош од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сум спремен со ВМРО-ДПМНЕ и сум спремен да отстапам со разговор со нашите пратеници 13 пратеници на господинот Мицкоски или колку ќе му требаат за 61 пратеници тој да формира малцинска влада или ќе бараме од него да отстапи 6 или колку ќе ни требаат нас за да може да формираме малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара“, изјави Заев

На тоа Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада и постојат други кои што се дел од коалицијата „Можеме“ а кои што се дел од пратеничките листи и самите изразуваат желба во иднина да ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Математиката не ви е добра страна. И оваа математика е добра за општинските организаии на СДСМ, но по 15-ти јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од еден или два пратеника за да формира влада, а има повеќе кои овој изборен период сакаат да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што...

Независниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. градоначалник во Кочани. Дали се...

Во кошницата ќе нема место за цигари и алкохол: Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните...

Државата отсега ќе пресметува колку пари треба да потроши трочлено семејство за да ги покрие основните потреби. Пресметката ќе се вика „просечна потрошувачка кошничка“....