3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТолку беше од уривањето во Охрид: Уставниот суд го сопре оривањето на...

Толку беше од уривањето во Охрид: Уставниот суд го сопре оривањето на на дивите плажи, требало да заврши летната сезона.

spot_img

Само што почна уривањето на дивите плажи на Охридското крајбрежје, Уставниот суд го запре. На денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга.

Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни, откога почнаа подготовките, но и првите уривања на плажите во Охрид на чии сопственици им истекол договорот за закуп и се сметаат за дивоградби. Во Струга, додуша, не ни почна оваа акција.

Забраната за уривање на плажите-дивоградби ќе трае до денот кога Уставниот суд ќе донесе одлука за поведената постапка.

Според владината уредба која се стопира, земјиштето за плажа кое било предмет на краткорочен закуп, а договорот за закуп е истечен или предвремено раскинат, потребно е да се врати во првобитната состојба од страна на закупецот. Се забранува понатамошно вршење на дејност од страна на закупецот.

Уривањето и расчистувањето требаше да го спроведуваат Државниот пазарен инспекторат и УЈП. На 22 јуни, Општина Охрид почна со градежни работи за уредување на крајбрежјето на Езерото каде што беа урнати шанкови, платформи и монтажни објекти.

ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД НА КОИ СО ГОДИНИ ИМ Е ИСТЕЧЕНА КОНЦЕСИЈАТА И НЕ ПЛАЌААТ, ТРЕБА ДА ГИ УРНАТ КАФУЛИЊАТА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА
„Овој вид на Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со коронавирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со ковид-19 обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп? Уредбата треба да има врска со ковид-19, а не со градежно земјиште“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Уставниот суд.

САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

НИКОЈ НЕ ПЛАЌА КОНЦЕСИЈА ЗА ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД ПРЕТВОРЕНИ ВО КАФУЛИЊА, ОПШТИНАТА ТУЖИ 4 КАФЕАНЏИИ
Во Охрид срамежливо, но полека почна акцијата на уривање на дивите шанкови и објекти на плажите, а невладината „Охрид СОС“ дури и јавно го праша градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите.

„Навистина е крајно време државата да застане на патот на ДУИ. Бараме санкции за функционерите на ДУИ, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес“, рекоа од „Охрид СОС“.

Побараа од Владата дури и да им достави план и динамика за уривањето, како и редослед.

Несрушените шанкови на чии газди им истекле договорите за закуп, може слободно да си ја истераат и оваа сезона, зашто Уставниот суд ќе решава за ова дури по одморите, најрано во септември.

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ УРИВА ДИВИТЕ ПЛАЖИ, ТОА НЕМА ВРСКА СО ВЛАДИНАТА УРЕДБА ШТО ЈА ОСПОРИ УСТАВНИОТ СУД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ
С. К. ДЕЛЕВСКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...