8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети вели дојде време албанците да ја превземат државата- дава беса дека...

Ахмети вели дојде време албанците да ја превземат државата- дава беса дека нема да ја подели

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Ди пресе“ изразува убедување дека ќе биде избран првиот премиер Албанец. Ова, вели Ахмети, не го правиме за да ја поделиме земјата, туку да ја обединиме. – Ние, Албанците сме еднакви граѓани на Северна Македонија и придонесуваме многу. Сега е историски момент за да ја предводиме земјата. Време е за еден премиер Албанец. Ние ова не го правиме за да ја поделиме земјата, туку да ја обединиме. Ништо лошо нема да и се случи на земјата. Ова не се случи ниту кога за прв пат еден Албанец стана министер за одбрана и друг стана министер за внатрешни работи и кога еден Албанец се избра за претседател на Собранието. Претседателот на Собранието успеа да ги намали разликите помеѓу двете македонски партии. Еден премиер независен од партиите е нашиот следен чекор, вели Ахмети. Според него, ако нивната идеја биде поддржана од граѓаните, тогаш македонските партии ќе мора да прифатат премиер Албанец. –  Разочарувачки е да ја видиш тоталната паника на македонските партии. Не треба да биде вакаособено со социјалдемократите. Нашата земја нема потреба од хегемонистички политики. Јас очекувам моите македонски колеги да ја поздрават и да ја прифатат ова идеја. Ние треба заедно да ги воспоставиме европските вредности, вели Ахмети. Прашан со која од македонските партии ќе коалицираат и која ќе ја прифати оваа идеја, Ахмети со став дека тоа ќе се одлучи на 15 јули. Посочува дека 70 до 80 проценти од Албанците и другите помали заедници ја поддржуваат идејата за премиер Албанец и како што вели, на 16 јули, ден по изборите, заедно ќе отворат ново поглавје.

<

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...