29.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаСветСтогодишниот Мур прогласен за Витез, од кралицата Елизабета.

Стогодишниот Мур прогласен за Витез, од кралицата Елизабета.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стогодишниот британски воен ветеран Том Мур, кој стана национален херој откако собра повеќе од 32 милиони фунти за здравствени услуги, денес беше официјално прогласен за витез. Кралицата Елизабета разговараше со сер Мур и неговото семејство откако таа официјално го прогласи за витез на церемонијата што се одржа во Виндзор.

<

Мур, кој беше унапреден во почесен полковник на неговиот 100-ти роденден, доби титула „капетан сер Томас Мур“ во согласност со протоколот на британското Министерство за одбрана.

Титулата на витез претходно беше одобрена од кралицата Елизабета Втора.

Во почетокот на април, Мур започна со собирање средства за добротворни организации кои ѝ помагаат на Националната здравствена служба во борбата против Ковида-19, така што шетал низ неговата градина. Тоа беше еден вид предизвик. Тој планираше да собере 1.000 фунти до неговиот 100-ти роденден, но успеа да собере повеќе од 32 милиони фунти, поставувајќи Гинисов рекорд за најголема сума од поединец собрана од прошетка.

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече Мур „национално богатство“, велејќи дека тој е „како светилник во маглата на пандемијата на коронавирус“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...