13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаКостов: Млади пациенти се борат за живот на респиратор во 8ми Септември,...

Костов: Млади пациенти се борат за живот на респиратор во 8ми Септември, немој да чекате и да седите дома без лекарски третман

22 годишник заболен со корона е најмладиот пациент на респиратор во ГОБ 8ми септември. Момчето со Даунов синдорм завршил во Ковид центарот пред три дена. Синоќа поради нагло влошување на здравствената состојба лекарите морале да го приклучат на машина. Директорот на болницата вели дека на одделот за интензивна нега за живот се борат и уште двајца помлади пациенти со позитивен тест на вирусот, кај кои поради претходни заболувања дошло до компликација на состојбата.

-Имаме млади со коморбидитети, 45 годишен веќе 6 дена е на респиратор, 35 годишна пациентка со обезитос, таа 5 дена е на респиратор со пневмонија, примен иво тешка состојба. Значи оние кои доцна доаѓаат во болница во многу тешка оссотојба, многу се мали шансите на лекарите да ги спасат, вели др. Христијан Костов, директор на ГОБ 8ми септември.

Во ГОБ 8ми септември во моментот има 91 хоспитализиран пациент со Ковид 19 од кои 9 се на механичка вентилација а 70 на кислород. Лекарите апелираат заразените да не чекаат влошување на здравствената состојба па тогаш да одат во болница.

-Апелирам до граѓаните да не чекаат и да не седат дома без лекарски третман, бидејќи потоа е касно, вели Костов.

Болницата откако стана Ковид Центар трошат кислород петпати повеќе од порано, или една цистерна на 2 дена.

Sitel

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...