13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Во новата влада мора сите политичари да се чесни и да...

Пендаровски: Во новата влада мора сите политичари да се чесни и да немаат крадено пари

„Кој ќе партиципира во владата зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во парламентот. Така што, возможна е влада без СДСМ и коалицијата кои освоија најмногу пратеници, или без ВМРО-ДПМНЕ, која е втора партија според истиот критериум. Јасно е дека ако така се договорат, возможна е и влада без партијата што е трета според бројот на освоените мандати“, вели во интервју за неделникот „Фокус“ претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот појаснува дека нема да отстапи од уставната норма која предвидува, мандатот за составување влада да го добие партијата или коалицијата која ќе обезбеди мнозинство во парламентот.

Како претседател, буквално немам никаков маневарски простор. Членот 90 од Уставот е јасен. Исто така, не се предвидени никакви условувања, како оние од 2017 година кога флагрантно беше прекршен највисокиот државен акт. Подготвен сум, ако има договор, мандатот да го доделам и пред да заврши уставно определениот рок од 10 дена – вели Пендаровски.
Во однос на преговарачката позиција на ДУИ, која бара премиер Албанец, Пендаровски смета дека е таа легитимна, но според него, само во два наврати, со Никола Кљусев и со Хари Костов, владата не била предводена од претседателот на најголемата партија од власта.

Сепак, според него, предност треба да има квалитетот, а не етничката припадност на кандидатите за која било функција.

Сѐ до 2009-та и до појавувањето на Имер Селмани, за кого гласаа голем број Македонци, ние имавме традиција на гласање по етнички линии. Потоа и јас во 2014 добив значителен број гласови од етнички Албанци. Со ова не сакам да кажам дека гласањето за „нашите“ е нелегитимно, но по 30 години транзиција мислам дека конечно повеќе не треба да не интересира етничката припадност, туку квалитетот на кандидатот – смета претседателот.
Во однос на составот на идната влада, која ќе ја води државата низ сложен и долг процес на преговори со ЕУ, претседателот Пендаровски смета дека од стратегиска важност е сите министри да имаат јасен демократски капацитет и проевропска ориентација.

Тие треба да бидат луѓе кои не биле инволвирани во ниту една афера со криминален бекграунд имајќи предвид дека нашиот далеку најважен предизвик во годините што доаѓаат ќе биде владеење на правото, и последно, но не и најмалку важно, не само првиот, туку и вториот и третиот ешалон на функционери да можат да добијат безбедносен сертификат од НАТО бидејќи како земја-членка само така ќе нѐ прифатат како кредибилен партнер од доверба во Алијансата – вели Пендаровски.
Говорејќи за односите со соседите, Пендаровски уште еднаш нагласи дека е неприфатлива идејата за размена на територии и население како евентуална солуција за решавање на косовското прашање.

Tој не очекува блокада на Македонија од Бугарија, потенцирајќи дека европската интеграција на регионот е стратегиски интерес и на Софија и на Брисел.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...