27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаБорче Пинев го даде својот живот но спаси два други , на...

Борче Пинев го даде својот живот но спаси два други , на 35 годишна  девојка  и 60 годишен маж

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден живот згасна, но два други ќе продолжат. Втората кадаверична трансплатација на орган помина успешно. Триесет и петгодишна девојка го доби бубрегот на 46 годишниот велешанец Борче Пинев чиј живот вчера трагично згасна. Тој минатата сабота се повредил паѓајќи од дрво и по петдневна борба на КАРИЛ мозокот ноќеска престанал да функционира.

<

По согласноста од семејството двата бубрега биле експлантирани. Неколкучасовниот зафат кај 35 годишната пациентка заврши  утрово успешно. Попладнево и вториот пациент ќе го добие бубрегот на Пинев – 60 годишен човек кој претходно веќе го има загубено видот. Зафататот ќе го изврши истиот тим.

Мојсова објасни дека листата на пациенти кои можеле да ги добијат органите на Пинев била долга но дел од нив отпаднале бидејќи тестирањата покажале дека се позитивни на Ковид-19.

Борче Пинев, татко на две ќерки, беше дипломиранм правник, адвокат а во последните осум години работеше како државен правиобранител. За жал срцето на Пинев нема да продолжи да чука. Двајца пацинети кои биле компатибилни за трансплатација од лични причини одлучиле да се повлечат

Мојсова вели дека ниту една кампања досега немала таков имакт како што имаше одлуката на семејството на Пинев и на семејството на Динева.

43 –годишната Емилија Динева од Стар Дојран кон средината на мај направи сообраќајка со својот нов мопед. Трајно го повредил мозокот и неколку дена заедно со лекарскиот тим се бореше. Повредите на мозокот беа тешки и тој запре.  Меѓутоа таа продолжи да живее, бидејќи токму нејзиното срце, и бубрези спасија три човечки животи.

 

Огнен Чанчаревиќ- Телма Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...