30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ...

Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5%

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До

<

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија

Собранието на Република Македонија

Министерството за економија на Република Македонија

Владата на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија

Ние, граѓаните на Република Македонија,

Револтирани од покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4%,

Вознемирени од последиците од покачувањето на цената на електричната енергија врз цените на производите и услугите во Република Македонија,

Бесни поради континуираното осиромашување на народот и државата од страна на странските монополи,

Загрижени за нашите сограѓани кои поради актуелната пандемија нема да можат да ги покријат своите сметки за електрична енергија и поскапите намирници,

Имајќи ги во предвид платите во Република Македонија, кои се едни од најниските во Европа,

Со надеж дека ќе го подобриме животниот стандард на народот,

Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:

1. Итно укинување на одлуката на Регулаторната комисија од 31.07.2020 за покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4% ,

2. Намалување на данокот на додадена редност за електричната енергија за домаќинствата од сегашните 18% на 5% ,

3. Укинување на високата тарифа на цената на електричната енергија ,

4. Формирање на засебен фонд за покривање на сметките на лицата со финансиски потешкотии, кој фонд ќе биде финнасиран од профитот на “универзалниот снабдувач со електрична енергија” ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје ,

5. Законско решение за загарантиран откуп на електричната енергија од фотоволтаици произведена од домаќинствата и нејзин откуп во сооднос 1:1 ,

6. Укинување на задолжителната комуналната такса за јавно осветлување. Обештетување на сите домаќинства кои поради различните струјомери плаќаа двокранта и трократна “комуналната такса за јавно осветлување” за еден ист објект ,

7. Промена на тарифниот систем и укинување на ангажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија .

За повеќе клик тука: Млади за Македонија 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...