17.7 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаВо градските автобуси- Пензионерите со штрафцигери ги крадат полначите за телефон

Во градските автобуси- Пензионерите со штрафцигери ги крадат полначите за телефон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новите автобуси на гас на ЈСП Скопје се опремени со полначи за телефони. Во сообрааќај се пуштени 33 автобуси а внатре во нив постојано има контролори во цивилно кои проверуваат дали некој ги оштетува овие нови автобуси.

<

Досега овие контролори успеале да фатат четрорица граѓани како се обидувале да ги украдат полначите за телефон, пишува СДК.МК

„Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.

Низ градот веќе еден месец на линиите 2,5, 15, 24 и 57 возат 33 автобуси на гас од германскиот производител МАН. Од нив 21 е eдинечен со капацитет за 81 патник и 12 се зглобни за 149 патници.

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6. Овој тип на автобуси е прогласен за еко автобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката ‘Син ангел‘ бидејќи воопшто не го загадуваат воздухот. Еден еко автобус годишно ќе заштедува до 25.000 евра за гориво во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП „Скопје“, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...