0.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Кога пишувате лоши вести за мене, децата ми се затвораат во...

Заев: Кога пишувате лоши вести за мене, децата ми се затвораат во соба и плачат.

Граѓаните во демократијата се тие коишто на крајот оценуваат дали вие контравладините медиуми сте во право или во право сме ние како актуелна влада – рече Заев.

На  прес-конференција од Собранието која се одржа на 04/08/2020, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, влезе во нов конфликт со новинарите, овојпат со Фуркан Салиу од ТВ Клан, нарекувајќи го неговиот медиум – контравладин.

– Граѓаните во демократијата се тие коишто на крајот оценуваат дали вие контравладините медиуми сте во право или во право сме ние како актуелна влада – рече Заев.

По ова, новинарот Салиу возврати дека не е во ред на прес-конференција да се етикетираат медиумите како провладини или како контравладини, а Заев, пак, му одговори дека има целосно право да ја номинира и да ја нотира политичката целосна определба на медиумот.

Господине новинар, јас сум транспарентен и отчетен политичар за сите. Во времето на владата која имав чест и одговорност да ја предводам, навистина докажавме слобода, слобода на мисла, слобода на медиумите и комплетна слобода во државата. Но, мое право е исто така да ја номинирам и да ја нотирам политичката определба на медиумот – рече Заев.

Новинарот Салиу, пак, на Фејсбук подоцна напиша дека веднаш по завршувањето на прес-конференцијата во Собранието, Заев му се пожалил дека децата му плачеле од вестите што ги читале на одредени портали.

„Токму затоа што знаеме како беше и каква е состојбата со слободата на медиумите, токму затоа што не сакаме да се вратиме таму кај што бевме, вака еден лидер на партија не смее да се однесува. Секој медиум има право да ја креира својата уредувачка политика, а г. Заев имаше време 3 години да донесе закон за портали. Но, тој не го направи тоа, туку продолжи да ги финансира режимските медиуми. Јас како новинар можам да критикувам политички субјект, политичар, спортист, ама јас сум само новинар, и немам илјадници следбеници. Денешното однесување е индиректен повик за насилство врз одреден медиум, новинар… Што мислите, како ќе реагираат приврзаниците на СДСМ кога ќе го слушнат нивниот лидер како зборува за одредено лице, еве нека е и обичен граѓанин, а не претставник на еден медиум?
После пресот, г. Заев ми рече дека децата му плачеле од вести што ги читале по одредени портали. Господине Заев, плачеа луѓе и кога се слушаа приватни разговори на Јутуб, и кога се пуштаа бомби кои нема врска со кривични дела, а плачат и сега затоа што очекуваа дека ќе се објават докази за многу сензитивни случаи како што е „Смилковско Езеро”. Жалам што вашите деца мора да поминат низ вакви ситуации затоа што сигурно немаат никаква вина, но веројатно сте знаеле што ве очекува кога сте влегле во овие води… Не сте вчерашен во политиката. Како и да е, барем вашите деца плачат во скапи фотелји и кревети, тоа мора да е мала утеха. Едно знам, нов Груевски оваа генерација нема да дозволи!“, напиша Салиу на Фејсбук.

Токму затоа што знаеме како беше и каква е состојбата со слободата на медиумите, токму затоа што не сакаме да се вратиме…

Posted by Furkan Saliu on Вторник, 04 август 2020

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...