24.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ СВЕТА ПЕТКА, ЗАШТИТНИЧКА НА ЖЕНИТЕ.

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ СВЕТА ПЕТКА, ЗАШТИТНИЧКА НА ЖЕНИТЕ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска се празнува света Петка- Римјанка, која се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.
Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.

<

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Православната црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка, општо кај христијаните постојат повеќе маченици со ова име. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, (во стариот завет саботата била празник, а не неделата) бил ден за подготовки пред празникот. Во петокот евреите се подготвувале за саботата. Параскева значи подготовка.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

3-годишната Софија ја победи леукемијата и прослави победа на Детската клиника во Скопје

На само 3-годишна возраст, таа ја извојува најголемата битка. По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец Софи извојува...

Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.

Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески. Спортската инфраструктура е основа...

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...