30.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВо лоша здравствена состојба мајка со нејзината ќерка завршија на улица: ''Викнавме...

Во лоша здравствена состојба мајка со нејзината ќерка завршија на улица: ”Викнавме брза помош но не сака да дојде, ни даваат некои други броеви, а мојата мајка не може да оди четири дена”.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Солзи, страв и неизвесност. Емоциите ја совладуваат Елма, која заедно со нејзината мајка веќе четврти ден се наоѓаат под отворено небо.

<

Комплицираниот животен пат ги доведе до скопски Капиштец. Од дождот во изминатите денови ги штити зградата покрај која се засолниле. Со она што малку им останало од животот, се трудат да го преживеат најтешкиот период од нивните животи – оној во кој се нашле без дом и на улица.

Елма очајно бара помош од институциите. Здравствена и безбедносна.

Како се снаоѓате?

“Никако. Со болна мајка. Престана да оди. Првиот ден врнеше многу. Баравме помош од социјално и ништо. Се ништо…”

Во каква здравствена состојба се наоѓа вашата мајка?

“Во многу лоша. Викавме брза помош – не доаѓа. Ни даваа некои броеви. Значи четири дена не може да се движи. Многу лоша здравствена состојба”

Најавата дека следуваат тешки времиња за двете жени датира од март 2019 година, кога Елма останува без стан. Егзистенцијалната борба продолжува по сите државни институции, за да кулминира со нивно завршување на улица.

Единствени примања им се пензијата која ја зема мајката на Елма, но таа не е доволна за преживување. Судбина која не смее да стане реалност.

“Бараме помош, да не сме на улица. Никој не го заслужува ова, никој…Посебно не на овие години. Јас сум под стресови, не знам што да кажам повеќе”

Во длабока старост, мајката на Елма има проблеми со одењето и е наглува. Итно и потребна нега, а со здравствени проблеми се бори и нејзината ќерка.

Потребите се големи, а желбата е само една.

“Само бараме помош да не сме на улица. ДА НЕ СМЕ НА УЛИЦА. И да и се помогне на нејзе, брза помош нека дојде или било кој. ДА ПРООДИ…Она четири дена не оди, седи. ТЕШКО Е!”
sitel

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...