26.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаАдвокат ќе бара 7 милиони евра оштета од МВР: Ми удрија шлаканица,...

Адвокат ќе бара 7 милиони евра оштета од МВР: Ми удрија шлаканица, ми ја пцуеа сестрата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Адвокатот Спасе Скорниев од Велес ќе ја тужи велешката полиција, зашто како што тврди, полициски службеник му удрил шлаканица, а друг му ја пцуел сестрата што работи во влада, додека приведен седел на столче во станица.
Според Скорниев, тој бил приведен зашто додека возел со својот кабриолет на еднонасочна улица пред велешкиот суд, повозрасен човек неколку пати се обидел да ја премине улицата, а на крајот легнал на земја, преправајќи се дека е повреден и дека бил удрен од возилото на Скорниев.

<

-Човекот срипа кај што нема пешачки, а потоа легна на улица и почна да вика, ,,о леле ме потепаа, ме удри со фарот”. Јас погледнав наоколу, гледам нема друг автомобил, си велам, овој за мене мора да зборува и запрев. Му велам, човек, не сум те удрил не сум те допрел. Стаса полиција, и јас и човекот бевме на различни страни од улицата. Му викнав на висок тон ,,немој да лажеш, не си ни гребнат” и ,,како не ти е срам да не малтретираш сите овде на 50 степени”. Ме приведоа во станица, ме задржаа шест часа. Додека седев на столчето, со крвнички поглед, еден полицаец се залета накај мене, ми удри така силна шлаканица што исплукав два заба. Не му возвратив. Јас на мравка не сум згазил, комарците не ги тепам дома, а не пак човек, вели Скорниев за ,,Слободен печат”.

Според Скорниев, шестчасовното приведување било многу непријатно.

-Се изнаслушав еден куп гнасни работи. Ми ја пцуеа сестра ми што работи во влада, ме провоцираа, ме прашаа што ми вредело тоа што знам повеќе јазици, штом сум завршил во станица. Што сум се правел фраер со кабриолетот исто така ме прашаа, а тој е 2.000 евра. Извадив и лекарско за главата, за раката и за забите. Кој ме тепал ќе го тужам и ќе барам 7 милиони евра оштета. Јас сум комплетно психички уништен а и кариерата уште непочната ми е завршена. Кој ќе оди да го брани адвокат за кого цел град зборува дека завршил во станица тепан?, додава Скорниев.

Настанот се одвивал пред основниот суд Велес, каде имало камери. „Слободен печат“ испрати прашања за настанот до ОВР Велес од каде ветија детали за тоа како е заведен настанот кај нив, за подоцна.

Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...