3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАнтикорупциска отвори предмет за Нина Ангеловска за случајот Еуростандард банка

Антикорупциска отвори предмет за Нина Ангеловска за случајот Еуростандард банка

За да се расчистат сите забуни и заблуди Антикорупциска отвора предмет за министерката за финансии Нина Ангеловска во случајот со пропаднатата Еуростандард банка. Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска во изјава за Сител вели дека сега ќе бараат податоци и информации од Министерствто и од НБРМ. Од тие податоци ќе можат хронолошки да ги согледаат сите случувања. Потоа јавноста ќе дознае дали министерката била запознаена со информации околу банката и врз основа на нив планирала како ќе постапи.

Претсдателката на Транспаренси Интернешнл Слаѓана Тасева вели дека во оваа истрага освен Антикорупциска треба да се вклучат и други институции, првенствено Управата за финансиско разузнавање за да се дојде до клучната информација дали министерката имала информација за состојбата на банката која другите штедачи ја немале.

ВМРО ДПМНЕ се сомнева дека одредени кругови на власта поради бизнис интереси ја втурнуваат банката во пропаст. Но и дека луѓе од власта знаеле дека банката пропаѓа па предвреме ги извадиле парите додека стотина илјади сметки се блокирани, 20 милиони евра ќе останат ненаплатени.

Во првиот анкетен лист лани, Ангеловска пријавила 250.000 евра депозит во Eуростандард банка. Во јануари годинава повлекла 130.000 евра, а во јуни односно пред два месеци повлекла уште пари.

Ангеловска вчера рече дека не е точно дека повлекла пари затоа што имала информации за одземање на дозволата за работа на банката.

Вистината е дека пред стапување на функцијата – министер за финансии, овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија, соопшти вчера Ангеловска.

Од петокот за Еуростандард банка е отврена и стечајна постапка, а за стечаен управник е назначен Душко Тодевсски. Првото рочиште е закажано за 8 октомври годинава.
Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...